Анџелина, Кортни или Џија: На која убавица најубаво и прилега класичното машко одело ?

Класичните машки одела веќе со месеци се присутни на црвениот тепих и многумина ќе се согласат дека дамите во костум може да изгледаат посекспилно отколку во вечерен фустан.

FFN_SGP_PaloAlto_Prem_090113_51196035-490x689

Анџелина Џоли, Кортни Кардашијан и Џија Копола одлучија да заблескаат на црвениот тепих во класични црни костуми. Младата режисерка и актерка Џија Копола во јануари покажа колку добро и стои црно одело на една жена во комбинација со бела кошула и класични шпиц – салонки.

sipa_00676318_000053-490x755

Само еден месец потоа во речиси исто издание се појави и Анџелина Џоли на доделувањето на БАФТА наградите, каде беше и прогласена за една од најубаво облечените жени на настанот. Убавата актерка носеше црн костум од модната куќа Сен Лоран, одврзана пеперутка машна и едноставни црни салонки.

sipa_00677741_000011-490x749

На црно-белиот тренд му се придружи уште една позната трендсетерка Кортни Кардашијан која нејзиниот изглед го претстави на популарната забава на фондацијата на Елтон Џон за СИДА „Elton John AIDS Foundations Oscar Viewing“.