Секој од нас знае барем една жена која секогаш изгледа беспрекорно. Најверојатно, ова не е само заслуга на мајката природа, ниту пак таа ноншалантно се однесува кон својот изглед, со минимум напор. Токму спротивното! Одржувањето на беспрекорен негуван изглед не е евтино.
Жената која што ја опишавме ретко сама ја мие косата и ја обликува својата фризура. Нејзините совршено обликувани веѓи се дело на професионалец, како и секогаш средените нокти и светнатата, мазна кожа на лицето и телото. Па, таквиот режим на нега и разубавување е екстравагантен – и социјално погрешен во времето во кое живееме.
Затоа сосема е во ред да ги намалите трошоците на козметика и да вложите малку повеќе труд во домашното разубавување и нега. Уживајте во делата со вашите раце и секако во заштедувањето на вашите пари и време!
Заштедете на: ФАРБА
Освежување на бојата. Ако бојата брзо паѓа, користете прелив со соодветна нијанса, и тоа дома. Во денешните формули, преливите се едноставни за користење, а ефектите траат најмалку една недела.
Изберете соодветен шампон. Фарбаната коса подолго ги задржува интензитетот на бојата и сјајот – особено црвените нијанси – ако се миете со шампон за фарбана коса. Логично и практично, зарем не?
Вратете се на корените. Ако извадивте прамени чија природна боја на вашата коса е тешко препознатлива, тогаш веројатно треба често да одите на фризер за одржување на истите. Наместо тоа, побарајте од фризерката да ви извади помали прамени, така што основата на вашата коса да ја претставува вашата природна боја. Ова ќе ги намали задолжителните посети на фризер.
Создадете добра основа. Доколку сепак сакате да имате многу прамени во косата, тогаш бојте го само подникнатиот дел- тоа е секако поевтино од боењето на целата коса и одново целосно вадење на прамени. Во тој случај постапката за одржување на косата се состои во боење на корените на секои осум недели и извлекување на прамени двапати во годината.
Останете хидрирани. Користењето на балсам со длабоко дејствување (пакување за коса) е многу важно. Еднаш неделно, користете производ кој ќе ви го препорача фризерката. Така, бојата ќе ви трае подолго, особено ако сте бринета или црвенокоса.
Заштедете на : МАНИКИР
Бидете природни. Многу жени посетуваат козметичар поради маникир еднаш неделно, а тоа претставува голема обврска и трошок. Освен тоа, честото лакирање на ноктите, без оглед на негата, квалитетот на третманот, лакот и ацетонот, ги оштетува ноктите и остава жолтеникава боја. За промена, потрудете се сами да ги обликувате ноктите со квалитетна турпија и да ги полирате со бафер ( специјална турпија од гума или тврд сунѓер, која на ноктите им дава сјај).
Почекајте лакот целосно да се исуши. Тоа вообичаено трае околу 20 минути. И покрај тоа што површинскиот слој може да се стврдне за 10 минути, долниот слој е уште мек, па лесно може да се оштети. Доколку немате доволно трпение да почекате 20 минути можете да користите брзо сушечки лакови.
Продолжете го траењето на вашиот лак. Премачкувањето со безбоен лак преку базниот лак е добар начин за тој подолго да остане неоштетен на ноктите. Правете го тоа секој трет ден.
Не ги користете вашите нокти како алатки при отворање на лименки од пијалаци и други садови, како и при отстранување на етикетата од производот, не правете го тоа со ноктите, туку со прстите. Или побарате некој да го направи тоа за вас. Покрај тоа, кога ги извршувате домашните задолженија користејќи хемикалии, секогаш носете гумени ракавици.
Лакирајте се во тенки слоеви. Треба да знаат дека дебел слој на лак бавно се суши, а со тоа лесно се размачкува и брзо се лупи. Затоа , задолжително повлечете ја четката од една страна двапати на вратот на шишето (така ќе го отстраните вишокот на лак). Намачкајте го лакот во три едноставни чекори и на крајот повлечете ја четката низ врвот на ноктите.
Заштедете на : ШИШАЊЕ
Бидете полиберални. За одржување на класична паж фризура неопходни се редовни посети на фризер. Во спротивно, ќе изгледате неуредно. Затоа е најдобро да си ја скратите косата степенасто до висина на брадата. Овој лежерен и контролирано неуреден изглед на паж фризурата ќе ви овозможи пауза од еден до два месеци од фризер.
Усовршете ги вештините. Наместо да трошите на неделно фенирање, совладајте ја оваа техника, набљудувајќи ја својата фризерка додека ве фенира. Проучете како таа тоа го работи или замолете ја да ви покаже неколку трикови.
Користете квалитетен прибор. Една од причините поради кои фризурата секогаш подобро изгледа во салонот е тоа што фризерите користат подобар прибор. Затоа барајте препорака од фризер и купете фен и четки за фенирање во продавницата за професионална опрема.
Заштедете : ПРОТИВ СТАРЕЕЊЕ
Блеснете. Кога е во прашање програмата против стареење, вложувањето е исплатливо во мезотерапија. Со оваа постапка обелуваат старските пеги и дисколорации, а ефектите траат по неколку месеци.
Обезбедете повеќе ретинол. Препаратите на база на ретинол, кои ефикасно ги бришат борите и се купуваат исклучиво на рецепт од дерматолог и многу се скапи. Меѓутоа, едно пакување трае со месеци и го продолжува дејството на другите козметички процедури, хемискиот пилинг и ласерските третмани.
Комбинирајте и ускладете. Дерматолозите препорачуваат пилингот да се направи со гликолна киселина (70 %) – за третман на ситни и длабоки бори и оштетувања од сонцето, исклучиво во професионални салони и ординации. Но, третманите се исклучително скапи. Затоа, замолете го својот дерматолог да ви направи делумен пилинг, само депигментација од сонце , со што ќе ја преполовите цената на третманот. Исто така, можете и сами дома да направите пилинг со козметички комплет кој содржи гликолна, салицилна, цитрусна или лактична киселина, или да пробате Avon Anew Clinical Retexturizing Peel, кој содржи 10 одсто гликолна киселина.
Релаксирајте ги борите. Освен долго применуваниот, но и понатаму скапиот ботокс, постојат одредени козметички препарати кои постигнуваат приближно исти резултати (дури и го продолжуваат дејството на инјектираниот ботокс). Одредени пептиди, како што е оној под називот „GABA“, ги релаксираат мускулите на лицето. Затоа, побарајте во подобро опремените парфимерии или аптеки препарати кои ги корегираат борите, а ја содржат оваа материја.
Заштедете на : ДЕПИЛАЦИЈА
Бидете нежни. Наместо регуларниот лосион за тело, почнете да го користите оној кој содржи алфахидроксилна киселина. Втријте го на депилирани места за да спречите растење на влакната и да ги омекнете ново израснатите влакненца. Продолжете да ја користите хидратантната крема за тело четири дена по депилацијата.
Користете машинка за бричење. Ако немате многу влакненца на нозете, не се мачете со депилација. Доволно е по бричење да втриете блага хидратантна крема или лосион, а одново израснатите влакненца нема да бидат многу видливи.
Депилирајте ги веѓите со восок. Секако, за таа цел треба да користите специјална формула на восок за депилација на лице (околу усните, брадата и веѓите). Ефектите на депилацијата на веѓите со восок траат многу подолго отколку ефектите на отстранување со пинцета.
Користете гел. Проѕирниот гел за веѓи (може да користите и восок за коса) ќе направи веѓите да ви изгледаат многу повеќе негувани и попрецизно обликувани. Освен тоа, нема да имате честа потреба да одите во козметички салон поради обликување на веѓите.