Кожата е склона да се лупи поради осцилациите на температурите, кои доведуваат до сушење на кожата. За да го спречите овој проблем, држете се до следните правила за убавина.
Не ја заборавајте хидратантната крема
Во текот на зимата, хидратантната крема е задолжителна, дури и ако имате мрсна или мешана кожа. Нанесувајте ја наутро, навечер, а по потреба и преку ден.
Сменете го средството за чистење на кожа
Во текот на зимата не користете отстранувачи на шминка кои содржат алкохол, бидејќи додатно ќе ја исуши кожата. Користете кремасти лосиони или марамчиња за симнување на шминка.
Не ги цедете акните
Лузни од „копање“ по лицето никогаш не изгледале убаво, а предизвикуваат и лупење на кожата.
Не излегувајте без пудра
Пудрата во зима го заштитува лицето од надворешни влијанија. Освен пудрите, нема да згрешите и со користење на тонирани и ББ креми.
Внимателно одберете ги марамчињата
Често се случува со бришење на носот со марамче да предизвикате лупење на кожата. За да избегнете вакво нешто, потрошете малку повеќе пари на квалитетни хартиени марамчиња.