Богатите есенски овошја и зачини, како што се тиква, брусница и цимет, сигурно ќе израдуваат оваа сезона. Но вкусните плодови можете да ги користите за целите на убавина и од нив да направите хранливи маски за лице. За нивната подготовка нема да ви биде потребно многу време и пари.
Маска од тиква
Витаминот А, антиоксидансите како што се витаминот Ц и цинкот – сето тоа ќе го дадете на вашата кожа со користењето на оваа маска. Потребна ви е една голема лажица пире од тиква,една лажица мед и пола лажица млеко. Сите состојки измешајте ги и нанесете ги на лицето со кружни движења. Но, избегнувајте ја областа околу очите. Оставете ја маската да дејствува околу 15-20 минути, а потоа исплакнете го со млака вода.
Морско оревче и цимет
Овие фини зачини не само што добро мирисаат , туку се добри за вашата кожа. Морското оревче има анти-воспалителни својства, ги стеснува порите и го намалува црвенилото на акните, но, исто така, ја ублажува видливоста на лузни на кожата. Цимет дејствува како пилинг, како антисептик. Кога овие зачини ќе ги измешате со мед, ќе добиете маска за “исцелување”.
Пред да се одлучите за оваа маска сепак припазете на морското оревче, бидејќи може да ја иритира осетливата кожа, затоа е подобро прво да се испроба на мал дел од кожата пред целосно да ја нанесете.
Состојки : лажица мед, ¼ лажица цимет и едно мало лажиче морско оревче. Се добро измешајте и нежно нанесете ја маската на лицето. Оставете ја да стои 20 минути, а потоа измијте се.