Без оглед на тоа дали наутро имате важен бизнис состанок или само имаат желба да се разбудите без капаци, подочници и линии на очите…прочитајте ги советите кои ги пронајдовме за вас како да изгледате убаво кога ќе се разбудите штом ќе ги отворите очите.
ОСНОВНА НЕГА
Навикнете се да го миете лицето неколку часа пред да легнете да спиете. Ако чекате да ве совлада заморот и тоа не го направите, токсините и нечистотијата ќе останат на вас во текот на целата ноќ, велат дерматолозите. Ќе го пропуштите најдоброто време за нега на вашата кожа. Во текот на ноќта, ќе имате подобар проток на крвта во површината на кожата и тогаш ништо на лицето не ја попречува апсорпцијата, кажуваат стручњаците.
СПИЈТЕ НА ГРБ
Лежењето на стомак лошо влијае на убавината. Во просек главата е тешка од седум до осум килограми, па така на лицето ќе му претставува голем притисок доколку спиете во таква положба. Верувале или не, дерматолозите можат да кажат на која страна спиете по распоредот на брчките.
КУПЕТЕ СИ УДОБНА ПЕРНИЦА
Најдобро е да се навикнете да спиете со главата подигната на две перници или од горната страна на креветот да додадете под главата дрво или некаква тврда подлога со дебелина од 5 сантиметри. Гравитацијата помага за подобар проток на крвта и лимфните течности, кои во текот на спиење не се собираат на едно место.
ЗАШТЕДЕТЕ ПАРИ
Не трошете пари на креми за под очите. Експертите тврдат дека ако добро сте го отстраниле мејк-апот и не сте оставиле размачкана маскара по лицето, со најобична хидратантна крема нема да имате проблеми со осетливото место каде ќе се појават брчки.
ЛЕСНА ВЕЧЕРА
За да се разбудите со природно розови и здрави образи, а не бледи како крпа, вечерајте високо протеинска храна со што помалку шеќер. Пробајте со лосос и бритва кои се природни дијаретици. Прескокнете ги оризот, тестенините и компирот.
УБАВА ФРИЗУРА
За да ги сочувате локните или убаво фенираната коса избегнувајте памучни перници, затоа што кај такви ткаенини има повеќе триење. Најдобро е да ја смените таа перница со свилена или сатенска, а по можност најдобро е да ја завиткате косата во сатенски шал пред да легнете.
МАСКА
Доколку ве нервира мозолка која излегла на носот или образите, нанесете билна маска која може да стои во текот на цела ноќ. Дури изутрина кога ќе се исуши можете да ја измиете и тогаш ќе приметите дека немате веќе вишок масти на тој дел од лицето.
ПОБУЈНА КОСА
За поголем волумен на својата коса пред спиење, втријте на влакната третман за хранење на косата со кој можете да преспиете. Наутро кога ќе ја измиете ќе приметите колку е сјајна и бујна. Доколку немате време за фризура, во парфимериите можете да најдете меки виклери кои скоро нема да ги осетите додека спиете.
ПИЈТЕ ВОДА
Потребно е да испиете осум чаши вода на ден за да биде вашата кожа доволно хидрирана. Пред да се побуните, еве начин како да го остварите тоа дури и ако сте мрзливи и демотивирани. Најдобро е наутро да испиете една голема чаша вода. Во чантата секогаш носете си шишенце со вода, а на работа често пијте си по една – две голтки. Некогаш можете да ја замените и со чај без шеќер.
БЕЗ КОФЕИН И АЛКОХОЛ ВО ДОЦНИТЕ ЧАСОВИ
Не го саботирајте сонот со стимулативни средства и алкохол. Откажете се од кафето во доцните попладневни часови, закажете фитнес тренинг три часа пред одморот и ограничете го алкохолот на една чаша навечер.