Прекрасна домашна маска за масна и комбинирана кожа која ќе го совежи вашето лице, ќе го отстрани непријатниот сјај и чувството на нечиста и масна кожа од вашето лице, а воедно ќе ја регенерира и освежи вашата кожа без воопшто да ја дехидрира.
Подготовка:
Лажица свеж квасец со две лажици листови од метвица, омекнати во вода, и две лажици од некоја крема со неутрален ph фактор нанесете ја на лицето и нека отстои 15 минути, а потоа лицето измијте го со млака вода. Потоа нанесете ја кремата која редовно ја користите.