Ослабете со помош на вашиот ТВИТЕР профил

Како да ослабете со помош на оваа друштвена социјална мрежа? Како едноставно да ги „твитнете“ килограмите од вашето тело на здрав & брз начин ?

Одамна е познато дека поддршката од пријателите и околината е клучен фактор во процесот на намалување на телесната тежина, како и во одржувањето на линијата на долг рок, откако ќе се достигне зацртаната цел. Но, оваа информација е особено важна бидејќи користењето на една социјална мрежа може дополнително да го поттикне и забрза тој процес.

Во студијата биле опфатени 96 мажи и жени со прекумерна телесна тежина кои биле подложени на програма за слабеење, во која имало и смартфон или таблет-компјутер. Сите учесници слушале по два подкасти неделно, на теми поврзани со слабеењето и правилната исхрана, а половина од нив користеле и Твитер и апликација за регулирање на диетата.

По 6 месеци, корисниците на Твитер кои активно ја користеле мрежата за да добијат фидбек од своите „колеги“ и советниците, успеале да ослабат многу повеќе отколку другата група. Уште поинтересно е што ваквиот успех може да се измери. Во просек, секои 10 твита кореспондирале на половина процент поголемо намалување на телесната тежина.