За здрав изглед и витко тело не е важно само што јадете туку и што пиете. Денес ви пишуваме за неколку пијалоци од кои можете да ослабнете ако правилно ги користите.
Вода
Нема подобро нешто од водата. Водата е одлична кога е во прашање слабеењето. Редовната хидратација му помага на телото да се ослободи од непотребните материи, а чаша вода пред јадење го намалува апетитот и помага при слабеење.
Кафе
Кафето е одличен детоксикант на организамот кој му дава свежина и здравје. Доколку се користи најмногу двапати дневно, може да ви помогне во Вашата борба со килограмите.
Зелен чај
Зелениот чај е познат како напиток за за слабеење. Тој ја зголемува оксидацијата на мастите и помага во детоксикација на организамот. Скоро сите чаеви имаат улога во процесот на слабеење, но се чини дека зелениот чај е меѓу најмоќните.
Црно вино
Црното вино е одлично во борбата против кардио-васкуларните болести, штити од стареење и се бори против холестеролот. Црното вино е одлично за слабеење доколку се користи редовно во мали ограничени дози бидејќи предизвикува подобро варење на храната но и согорува калории преку процесот на термогенеза.