Траумите од детството водат кон срцеви болести

Please Add Photos
to your Gallery

Според едно истражување на Универзитетот Харвард, САД, континуираниот стрес може да предизвика телесна дисфункција што особено се одразува во средните години, а на ризикот најмногу се изложени жените.

Во истражувањето учествувале 377 испитаници на возраст меѓу 40 и 50 години, а резултатите покажале дека оние деца кои биле изложени на стрес од седмата година имале значитечно поголем ризик од срцеви и мозочни удари во раните 40-ти години, додека децата кои посмирено ги доживувале тешките ситуации, подоцна имале помали ризици.

Дека децата ги впиваат позитивните и негативните влијанија од средината покажа и минатогодишната студија според која децата кои биле тепани од родителите имале поголем ризик од појава на рак, срцеви болести и астма.