Болка во градите
Градната болка или ангиозната болка е најчестиот симптом при срцево заболување. Пациентите ја чувствуваат оваа болка или дискомфорт кога срцето не’ прима доволно крв низ неговите коронарни артерии. Постојат два типа на градна болка: типична градна болка и атипична градна болка.
Типичната градна болка се чувствува како некој вид тежина под градната коска. Може да се јави при вежбање или интензивна емоција. Пациентите можат да се ослободат од болката со одмор или со медикација.
Атипичната градна болка се чувствува како остра болка која наеднаш доаѓа и си оди. Болката почнува кај градите, но може да се движи накај абдоменот, грбот или раката. Оваа болка не е поврзана со физички напор и не поминува со лекарства.
Недостаток на воздух
Уште еден чест симптом кој се јавува кај пациентите кои патат од артериска болест е и недостатокот на воздух или потешкотии со дишењето. Овој симптом може да се јави за време на одмор или некој физичка вежба и може да индицира дека срцето не фунционира правилно.
Срцев удар
Срцевиот удар или миокардниот инфаркт е можен прв знак за срцева болест. Срцевиот удар се јавува бидејќи постои недостаток на оксигенирана крв која треба да доспее до срцето. Пет важни знаци кои еден пациент ги чувствува за време на срцевиот удар се: градна болка, болка која зрачи кон вилицата, вратот или грбот, лесна главоболка, болка во левата рака или рамо и недостаток на воздух.
Хроничен замор
Хроничниот замор може да се јави како симптом на срцево заболување. Тој може да се јави за време на некоја физичка активност или напор и болниот може да не биде во можност да ги извршува секојдневните задачи. Пациентите може да имаат тешкотии да се качат по скали или да пешачат на релативно кратко растојание.
Неправилен пулс
Некои симптоми на срцевата болест можат да бидат резултат на неправилната работа на срцето. Срцето може да работи многу брзо, бавно или ирегуларно. Симптомите кои се предизвикани абнормалниот срцев ритам вклучуваат тахикардија (забрзана работа на срцето), брадикардија (забавен ритам), треперење на срцето, вртоглавица или губење на свеста.
Ако пациентот ги чувствува овие симптоми подолг период, треба да побара медицинска помош.
