Масажата е еден од најраспространетите начини за намалување на стресот. Таа претставува рачна терапевтска техника која вклучува масирање на ткивата на телото и на тој начин се постигнува ефектот на ослободување од тензијата.
Популарен вид на овој вид терапија е масажа на скалпот. Со овој тип на масажа се стимулираат нервите, крвните садови и се ослободува напнатоста во мускулите околу главата.
Иако многу различни култури ја користеле масажата како форма на терапија во текот на илјадници години, историјата на масажата на скалпот може да се проследи и до Индија. Некои жени таму ја користеле и како неделен ритуал, во кој се масирале скалповите на блиските поради заштита од болести.
Терапевтите ги користат прстите за да протријат главата, ткивата од страната на главата, челото, вратот, рамената и ‘рбетот.
Масажата на скалпот го стимулира создавањето на материи во мозокот како што се ендорфините и серотонинот, кои помагаат за подобрување на расположението и намалување на стресот. Масажата ја подобрува циркулацијата и ја ублажува болката при потешки физички активности.
Исклучително е ефикасна кај мигрената, која може да се должи на пад на серотонинот, како и при главоболки кои се јавуваат поради напор на мускулите во областа на вратот и рамената.