
Ти се препотуваат дланките, срцето силно ти чука? Kако иглички да те бодат по целото тело, а грлото ти се стега… Анксиозноста е многу честа – меѓу млади и стари, и се јавува во секакви форми и интензитет. Па, дали си слушнал за правилото 333?
Правилото 333 е многу честа и неформална техника. На многумина им е ас во ракавот кога се наоѓаат во ситуација што лесно може да ескалира во паничен напад. Целта на оваа техника е да му помогне на човекот да се приземји, да стане свесен за просторот околу себе и своето присуство во него и да се смири.
Правилото 333 и како се изведува…
Во принцип е многу лесна и едноставна техника. Во средината/опкружувањето во кое што се наоѓаш треба:
- Да именуваш 3 нешта кои во моменот ги гледаш
- Да идентификуваш 3 звуци кои во моментот ги слушаш
- Да допреш или мрднеш 3 нешта (на пр. делови од телото или објекти околу тебе)
Толку.
Научниците посочуваат дека ова не е сериозен третман за анксиозноста, туку само една техника за моментално намалување на симптомите на анксиозност и секако треба да се земе со резерва. Не значи дека ако оваа техника била успешна еднаш, дека ќе биде подеднакво успешна во секоја наредна ситуација.
Што можеш да направиш за да ја намалиш анксиозноста на дневна база?
Редовна физичка активност: Анксиозноста се базира врз принципот на fight-or-flight: инстинктивен физиолошки одговор на опасна ситуација во која човекот или бега или се стаписува и не реагира. При оваа ситуација во телото се излачува огромна количина на адреналин и кортизол (хормони на стрес), а вежбањето е одличен начин да се ослободите од вишокот адреналин во крвта.
Помалку кофеин: Кофеинот е тесно поврзан со норадреналинот и кортизол, па затоа доста делува кога сакаме да останеме будни. Но, во поглед на анксиозноста, таа алертност (будност) на нервниот систем може да предизвика непотребно чувство на паника.
Квалитетен сон: Кога сме ненаспани, сме пораздразливи. Кога сме ненаспани и анксиозни – тоа е експлозија на хормони, чувства и срцебиење кое не може да заврши добро за никого. Квалитетниот сон е клучен за намалување на анксиозноста.
Фокус на дишењето: Кога анксиозноста ќе нападне, забораваш да дишиш и не можеш да дојдеш до воздух. Затоа, исклучително е важно да се фокусираш на длабоко дишење. Седни исправено, вдишувај длабоко преку нос, задржи здив некоја секунда и издиши преку уста. Редовната медитација исто така, е многу корисна.
Адаптогени: Адаптогените се билки кои му помагаат на телото да се справи со стресот и одржуваат хомеостаза (внатрешен баланс на биолошките системи). Примарната улога на адаптогените е да го намалуваат нивото на стрес хормонот кортизол, кој се излачува во стресни ситуации. Со тоа, адаптогените го штитат телото од последиците од стресот. Ашваганда е еден од најефикасните адаптогени кои влијаат врз намалување на анксиозноста.
Ашвагандата во Ashwagen на Dr. Viton е најквалитетниот адаптоген на пазарот кој го носи името KSM66. Ashwagen ја зголемува способноста на организмот да се справува со стресот, го подобрува квалитетот на сонот, ги зголемува нивоатата на енергија и го зајакнува имунитетот.
Производот ќе го најдете во аптеките на: Зегин, Еурофарм, Виа Фарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Роса Вита, Алпи Фарм, Вивалек, ДНА Анни Фарм, dm и Cosmo – Tinex, како и сите подобро снабдени аптеки.
Mоже да го нарачате ONLINE со кликнување на линкот:
https://alfalab.mk/proizvodi/dr-viton-ashwagen/
Може да го нарачате и на телефонскиот број: 02 3218 821
(Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот)
Производот може да Ви биде доставен на адреса со брза пошта!