Што да јадеш за да не ти се крева притисокот на жешково?

И да немаш никакви проблеми со крвниот притисок, кога надвор температурите се високи мораш да бидеш внимателен, особено со храната. Во летниот период, флуктуациите на крвниот притисок се честа појава, а особено фатално може да биде покачувањето, бидејќи води до мозочен удар, срцев удар и откажување на бубрезите.

Ако внимателно одбираш што јадеш, лесно ќе успееш да го контролираш притисокот. Во принцип, твојата храна треба да изобилува со растителни влакна, магнезиум и калиум, а да биде сиромашна со натриум – значи, внимавај на солта. Со други зборови, јади овошје и зеленчук и потруди се на менито да доминираат плодовите подолу, бидејќи директно ја намалуваат хипертензијата.

Бобинки

Ситното зрнесто овошје изобилува со флавоноиди кои се особено здрави за срцето. Антиоксидантите се доволно бројни, но и моќни, директно да влијаат на намалување на притисокот тврдат студиите. Боровинки, аронија, јагоди, малини, изборот е твој.

Обезмастено млеко

Млекото со ниска масленост е сиромашно со масти, но богато е со калциум и витамин Д – најдобриот тим кој природно го намалува крвниот притисок. Само една чаша млеко со ниска масленост, може да го намали притисокот за една третина.

Јогурт

Според студијата на Американската Асоцијација за Срце, жените кои консумирале 5 или повеќе порции јогурт во неделата, имале помал ризик да се соочат со висок крвен притисок во однос на жените кои едвај пијат јогурт.

Лубеница

Според студијата објавена во American Journal of Hypertension, лубеницата значително го намалува крвниот притисок кај луѓето со прекумерна телесна тежина, без разлика дали одмараат или се под стрес. После консумација на лубеница, притисокот на аортата и на срцето е помал.

Банана

Ова тропско овошје се препорачува поради големите дози на калиум што ги содржи – минералот кој е неопходен при висок крвен притисок. Една банана ќе ти обезбеди еден процент калциум, осум проценти магнезиум и дванаесет проценти калиум од вкупниот неопходен внес во денот.

Киви

Според извештајот на Американската Асоцијација за Срце, кивите природно го намалуваат крвниот притисок. За ваквиот ефект да биде навистина реален, неопходно е да јадеш по три киви дневно.

Храната богата со омега-3 масни киселини како лосос, харинга, туна, скуша, го намалува нивото на триглицериди и на тој начин одржува стабилно ниво на крвниот притисок.

Како да знаеш дали имаш ефект од плодовите?

За да бидеш сигурен дека овие намирници направиле разлика во твојот притисок, особено што не секое покачување или снижување пројавува симптоми, мораш да почнеш да го мериш притисокот.

Ако имаш над 40 години, пиеш терапија за притисок или имаш прекумерна телесна тежина, тогаш пожелно е да го мериш два пати дневно, наутро и навечер. Во случај да ти се слоши, пред да заклучиш дека ти е од топлото или дека си дехидриран, измери си го притисок за да знаеш како да делуваш.

Во тоа ќе ти помогне едноставниот и прецизен апарат AURON, кој уште поважно има опција за следење на варијациите на притисокот цели 2 месеци, бидејќи има меморија да регистрира до 60 мерења.

AURON апаратите содржат вграден детектор кој го открива и неправилниот срцев ритам. Лесен за самостојна употреба, AURON е твојата најдобра превентива од хипертензија.

 

Auron TMB 1112 може да ги нарачате онлајн:
https://alfalab.mk/proizvodi/auron-tmb-1112/

Аурон апаратите може да ги може да ги набавите во аптеките на: Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Зегин и сите подобро снабдени аптеки.

Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
(Достава до домашна адреса со брза пошта)