Како растителните влакна ќе ти помогнат да ослабеш (вклучувајќи го и стомакот)?

Доста се изгладнуваш. Доста броиш калории. Доста се воздржуваш од цели категории храна верувајќи дека така полесно ќе стасаш до посакуваната тежина. Залудно си ја мачиш душичката кога строгите диети носат само депресија и јо-јо ефект или брзо враќање на килограмите. 

Уште ако вежбаш на толку малку храна, кај и да е ќе прегориш. Зарем не научи досега дека патот до стабилна фит фигура подразбира здрава исхрана, многу протеини, спортување и растителни влакна?

Чекај малку, растителни влакнааа? Од кога, зошто, како?

Растителните влакна можеби не звучат популарно како кето, палео и останати новокомпонирани диети, но сигурно се најздравиот и најлесен начин за стасаш до посакуваната тежина. Имаме уште една вест што ќе те израдува: научно е докажано дека растителните влакна ќе ти помогнат да ги симнеш оние последни тврдоглави килограми и плус вишоците околу стомакот.

Студијата од 2018-та година во Nutrition, откри дека луѓето кои се фокусирале да го зголемат внесот на растителни влакна и посни протеини, консумирале помалку калории и ослабеле. Не ви се верува дека толку е едноставно? Дека, ќе можете да јадете многу повеќе од морков за ручек, а марула за вечера? Овој пат оставаме науката да зборува во наше име.

Само растворливите влакна водат до слабеење

Растителните влакна се поделени во две категории – растворливи и нерастворливи. Се разликуваат по тоа како се однесуваат со водата во телото.

Нерастворливите влакна не се мешаат со вода и повеќе служат како градбени единици кои ја креираат столицата и ја носат до цревата. Затоа се корисни при констипација (запек).

Растворливите влакна како бета-глукан и глукоманан, се мешаат со водата и создаваат гелна супстанца која го забавува трансферот на сварена храна од стомакот во цревата. Затоа, консумирањето растворливи влакна може да ви помогнат да го намалите обемот. Една студија вели дека само 10 гр плус растворливи влакна во денот го намалува ризикот од таложење масти околу стомакот за 3.7 %.

Како точно делуваат растворливите влакна?

Влакната ја забавуваат дигестијата, а тоа ќе ви донесе продолжено чувство на ситост и полност. При вакви услови, мали се шансите да посегнете по ќесата чипс или кутијата со колачи.

Покрај тоа што прават да се чувствувате сити, растителните влакна играат уште една важна улога во слабеењето: Бидејќи ја забавуваат дигестијата, тие исто така ја забавуваат реакцијата на телото кон јаглехидратите што ги внесовте. На овој принцип, растителните влакна ви помагаат поуспешно да го менаџирате инсулинскиот одговор кон храната, но и да го контролирате нивото на шеќер во крвта.

Бидејќи телото не може да ги свари влакната, тие непроменети стасуваат до цревата. Штом стасаат таму, под дејство на специфичните ензими во цревните бактерии, растворливите влакна се дигестираат. Всушност, тие имаат улога на пребиотик снабдувајќи ги бактериите со хранливи материи.  

Процесот на дигестија на растворливите влакна се нарекува ферментација. При овој процес се создаваат масни киселини со краток ланец, тип на масти кои го редуцираат таложењето масти околу стомакот. Масните киселини со краток ланец го регулираат метаболизмот на мастите – го забрзуваат процесот на согорување на мастите, а го забавуваат процесот на складирање на мастите.

Како растителните влакна го потиснуваат апетитот?

Растителните влакна се најмоќниот природен потиснувач на апетитот. Потиснувањето на апетитот води до помала потреба од калории, помалата потреба од калории води до намалување на телесната тежина. На кој принцип делуваат?

Прво, растворливите влакна ги регулираат хормоните кои го контролираат апетитот.

Второ, некои студии покажуваат дека консумирањето растителни влакна ги намалуваат нивоата на хормоните што сигнализираат глад, вклучувајќи го и грелинот.

Трето, други студии покажуваат дека растворливите влакна поттикнуваат лачење на хормоните кои прават да се чувствувате сити како холецистокинин, GLP-1 и пептид YY.

Последно, влакната го намалуваат апетитот така што го забавуваат движењето на храната во цревата. Кога хранливите материи како глукоза полека се движат низ цревата, телото лачи инсулин побавно. Ова води до намалување на чувството на глад.

Извор на растителни влакна

За да го зголемите внесот на растителни влакна во организмот, треба почесто да јадете ленено семе, мешунки, житарици, овошје и зеленчук. Препорачаниот дневен внес на растителни влакна за мажи е од 30-38 грама дневно, а жените треба да целат на 21-25 грама.

Нека не ве залажуваат бројките, воопшто не е лесно да се постигнат овие навидум ниски износи. Реалноста е дека луѓето едвај внесуваат половина од препорачаната доза.

Затоа постојат додатоците како Dr. Viton – Bio Fiber кој е природен пребиотик во прав со растителни влакна од акација. Растителните влакна од акација спаѓаат во категоријата растворливи, што значи тие делуваат на истиот принцип опишан погоре.

Растителните влакна на Dr. Viton – Bio Fiber создавајќи желатинска маса, успеваат да привлечат низа штетни материи, шеќери и масти од храната и да го олеснат процесот на намалување на тежината.  

Една доза Dr. Viton – Bio Fiber содржи 5 гр влакна од акација кои го одржуваат здравјето на целокупниот дигестивен систем, бидејќи имаат антиоксидативни својства. Тоа е клучот за здраво слабеење.

 Dr. Viton – Bio Fiber правот не содржи никакви адитиви ниту глутен, туку 100 % природни и чисти влакна од дрвото Acacia Senegal. Додадете од правот во вода, сок, смути или храна и заедно со храната ќе дојдете до посакуваната тежина – побавно, но за навек.

Dr.Viton – Biofiber можете да го нарачате онлајн

https://alfalab.mk/proizvodi/dr-viton-bio-fiber/

Dr.Viton – Biofiber може да го набавите во аптеките на: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Зегин… во дрогериите на ДМ-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.

Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
(Достава до домашна адреса со брза пошта)