Растителни влакна за здрави црева

Храната богата со растителни влакна го намалува ризикот од развој на рак на дебелото црево, вели нутриционистката Анита Грав.

Eдна неодамнешна студија спроведена во Велика Британија покажа дека луѓето кои јадат три оброци интегрални житарки, јајца, интегрален ориз го намалуваат ризикот од добивање на оваа болест за 20 проценти. Сепак, ако сакате да го зачувате вашето здравје, грижете се и за својата телесна тежина и редовно вежбајте.

Резултатите покажале дека жените со прекумерна тежина и кои вежбаат помалку од половина час имаат 83 проценти поголема шанса за развој на рак на дебелото црево. Исто така се препорачува намалување на потрошувачката на индустриски обработеното месо и ограничување на црвено месо до три порции неделно,заедно земајќи го со многу зеленчук и интегрални житарици.