Денес кога сите сме напнати и секојдневно се соочуваме со се поголемо ниво на стрес, се повеќе се зборува и за постоењето на најразлични техники за негово менаџирање.
Од наједноставни, до најкомплицирани, стрес менаџмент техники има многу. Но, една важи за најделотворна, станува збор за чинот на простување. Прашањето е, дали простувањето спонтано доаѓа или се учи? И уште поважно, дали оние што не знаат да простат трпат поголем стрес?
Според многу експерти во полето на здравото справување со стресот, простувањето е една од основните работи што секој од нас треба да умее да ги прави за да живее со помалку стрес!
Сите ние знаеме дека простувањето ослободува, но малкумина од нас умеат навистина да простат од срце и засекогаш да се ослободат од тежината што можеби и предолго време ја чувствуваат како грутка во градите.
Да биде уште пострашно, податоците покажуваат дека има голем број на луѓе кои навистина би сакале засекогаш да се ослободат од лутината и негативните емоции и да простат некому или себеси, но се чувствуваат збунето и блокирано зашто незнаат како.
Но, не треба да биде така, затоа еве неколку едноставни совети кои би му помогнале на секој човек полесно да прости и да си продолжи напред во животот.
Изборот како ќе простиш зависи и од посакуваниот исход
Изборот како да се прости, многу зависи од посакуваниот исход или подобро речено од моменталниот однос со другата личност.
Во едни случаи е полезно, а во други, пак, не само што не е корисно туку не е потребно чувствата да му се признаат на другото лице или да се обнови некој оправдано прекинат контакт.
На пример, ако односот со некоја личност ти е важен и би сакал да го задржиш, во тој случај е корисно и потребно искрено да и кажеш на другата личност какво негативно влијание врз тебе предизвикал тој или таа со своите зборови или постапки.
Но ако другата личност веќе не е дел од твојот живот, и ти би сакал така и да остане, тогаш актот на простување не вклучува директна комуникација.
Во ваков случај се советува да напишеш најискрено писмо, во кое ќе опишеш како се чувствуваш и каков ефект имал врз тебе другиот лик. Обрати и се директно на таа личност, а потоа изгори го писмото. Само вака ќе се слободиш од сиот емотивен товар и горчина и растеретен ќе си продолжиш напред во животот.
Ако вторава опција ти звучи чудно, само запомни дека ликот кој те повредил всушност не ни мора да знае дека си му простил, бидејќи проштевањето повеќе го правиме за себе отколку за некој друг.
Не простувај механички, стори го тоа од срце и со вистинска намера!
Можеби една од најважните работи во целиот процес на простување е човек да има вистинска намера да прости.
Доколку само ги изговори или напише зборовите механички, без навистина да посака и да почувствува дека простува, тогаш тој труд е залуден. И не заборавајте да ја отпуштите сета лутина и болка од себе.
Пишувај дневник за да го воочиш позитивното во секоја негативна ситуација!
Пишувањето дневник, честопати се советува како начин за намалување на стресот, но особено е препорачливо кога се соочуваме со некоја негативна ситуација во која сме биле повредени.
Стручњаците советуваат дека во таквите ситуации, освен што детално ќе опишеме што ни се случило и како сето тоа сме го доживеале внатре во нас, да се обидеме да ја анализираме подетално ситуацијата и да увидиме што е позитивното за нас во тоа што сме го доживеале.
Со други зборови, наместо фокусот да ни е целосно на негативниот исход и да се доживуваме како жртва, потребно е целото случување, колку и да било болно, да го прифатиме како животна лекција и да се обидеме да разбереме што е добро за нас?
Што сме научиле?
Дали следен пат би изиграле подобро?
Ако колку и да се трудиме, сепак, не можеме да видиме ништо позитивно или ништо не сме научиле, тогаш можеби треба да се запрашаме дали таа животна лекција ни се случила токму со цел за да не научи да умееме да простиме од срце?
Простувањето не значи дека слепо и покорно се согласуваме и ги прифаќаме и оправдуваме постапките на другиот или на самиот себе, не значи ниту дека сме глупави или подолу од некој друг, не значи ниту дека сме слаби. Напротив, за да простиме е потребна огромна храброст и човечност, зрелост и безусловно сакање на себе.
Понекогаш простувањето не ни мора да е толку тешко и се што треба да направиме е да се замислиме на местото на оној другиот.
Истражувањата имаат потврдено дека способноста и желбата да се разберат другите, многу го олеснува процесот на простување.
Но, колку и да читаме и да слушаме стручни или пријателски совети, дека простувањето е пред се за наше добро, честопати простувањето ни се чини како најневозможната мисија во светот.
На прашањето зашто за некој од нас простувањето е премногу тешко, експертите велат дека тоа е така затоа што повеќето луѓе погрешно веруваат дека ако простат си го отвараат патот за повторно да бидат повредени.
Но, според нив простувањето е сосем различно од прифаќање и оправдување на неправедната или зла постапка на оној што не повредил. Иако, неопходно е да простиме пред се за своето здравје, и тоа без да се прашаме дали тоа воопшто го заслужува оној другиот, во иднина треба да сме екстра внимателни и да не дозволиме истата личност да не повреди пак.
Во мерките за самозаштита спаѓа и поставувањето на цврсти граници во нашиот однос со таа личност, но и тоталниот прекин на било каков контакт и комуникација со таа личност.
Ако се уште се казнуваш самиот себе и секојдневно одново и одново се присетуваш на некој немил настан во твојот живот, запрашај се: Кој губи, а кој добива?
Запомни, туѓите постапки не се мерка за нашата вредност како луѓе. Без оглед што ти се случило, запомни дека најважно е ти да продолжиш да се сакаш и да се грижиш за себе, затоа престани да се казнуваш, прости и отпушти го минатото. Нека си оди со сета болка, тага и стрес.
Животот е сега, во овој момент од времето. Затоа врати си ја насмевката на лицето и живеј. Сите велат животот е убав, но можеби само ако самите си дозволиме да биде!
Штом се најдете во ситуација да не можете ниту да побарате прошка, ниту да простите, тогаш најверојатно вашето тело се уште се соочува со стресната траума и е преплавено од кортизол кој го загрозува вашето ментално расудување.
Во вакви ситуации неопходно е да го снижите нивото на кортизол и да воспоставите хармонија во целиот организам, смирувајќи го срцето, нервите и намалувајќи ја згрченоста во мускулите.
Ова ќе го постигнете со истовремено делување на магнезиумот и витаминот Б6 кои ќе ги најдете во Dr. Viton Magnezan B6.
Суплементот докажано го намалува нивото на кортизолот и на тој начин индиректно обезбедуваат наплив на серотонин во организмот кој ќе ви обезбеди остар ум, но и растеретени нерви.
Витаминот Б6 по природа е растворлив во вода и брзо се апсорбира, но докажано ја подобрува и апсорпцијата на магнезиумот. Што значи, можете да бидете сигурни дека Dr. Viton Magnezan B6 целосно ќе стаса до секоја клетка во вашето тело.
Dr. Viton Magnezan B6 содржи 250 мг магнезиум во својот состав и токму затоа е одличен суплемент за секојдневна употреба, бидејќи слободно можете да го комбинирате со здрава храна и храна богата со минералот.
Одбери Dr. Viton – Магнезан Б6!
Dr. Viton – Магнезан Б6 можете да го нарачате онлајн:
https://alfalab.mk/proizvodi/magnezan-b6
Dr. Viton – Магнезан Б6 може да го набавите во аптеките на: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Зегин… во дрогериите на ДМ-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.
Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
(Достава до домашна адреса со брза пошта)