Хербалните чаеви се богати со моќни состојки, кои можат да го смират умот, опуштат телото и да ги спречат штетните последици од стресот, да го подобрат спиењето, да ја намалат анксиозноста и да ги зголемат фокусот и концентрацијата.
Некои од најдобрите чаеви за намалување на стресот, делуваат така што успеваат да го намалат нивото на хормоните на стресот (кортизол, адреналин итн.) и истовремено да го зголемат создавањето на смирувачката GABA и на хормоните кои го подигнуваат расположението, серотонин и адреналин.
Но, придобивки од пиењето на вакви чаеви има многу, така на пример поволно делуваат и врз варењето на храната, ја намалуваат анксиозноста, а имаат и противвоспалително дејство, што е од огромо значење бидејќи во позадината на модерните болести на денешницата скоро секогаш се кријат стресот и хроничното воспаление.
Активноста на овие чаеви, се должи на присуството на различни биоактивни супстанции, најчесто адаптогени, флавоноиди и антиоксиданти, кои природно се присутни во лисјата, корените и во цветовите на лековитите билки.
Хербалните чаеви не содржат кофеин и затоа немаат стимулативно дејство како кафето, но стимулацијата која тие ја прават се должи на нивното богатство со антиоксиданти, витамини и минерали кои на телото му даваат енергија, но на еден поздрав начин.
Ова се најдобрите 4 типови кои ќе ти помогнат да се опуштиш и релаксираш:
Чај од камилица
Чајот од камилица, кој буквално опива со својот ароматичен мирис и вкус, е еден од најпопуларните чаеви со смирувачко дејство.
Се состои од исушени цветови на истоименото растение, и има фантастична и уникатна арома. Богат е со антиоксиданти, и има слични противвоспалителни својства како зелениот чај. Но, поради тоа што има и благ седативен ефект, најдобро е да се пие пред спиење со цел да се постигне опуштање и да се осигура квалитетен сон.
Чај од мелиса
Овој чај е лесно препознатлив по тоа што мирисот помалку потсеќа на лимон. Чајот од мелиса или маточина, содржи розмаринска киселина и помага за активација на GABA рецепторите во мозокот.
Познат е по тоа што иако има смирувачко дејство, истовремено има моќ да ја подобри концентрацијата, меморијата и работата на мозокот воопшто.
Чајот од мелиса се покажал одличен за намалување на кортизолот, за подигање на расположението и за намалување на анксиозноста и на стресот. Познат е и по поволното дејство врз органите за варење, а има и антивирусни својства.
Чај од лаванда
Можеби најпознат чај кога станува збор за здраво справување со стресот е токму чајот од лаванда. Слично како есенцијалното масло од лаванда, и чајот од ова растение има исклучително смирувачко дејство.
Лавандата може да ја намали анксиозноста и да ги смири дигестивните проблеми кои кај многу луѓе, рака под рака одат со стресот.
Овој чај има прекрасен вкус и мирис, а во комбинација со камилица навистина се постигнува волшепство. Оваа комбинација е одлична за крај на напорниот ден, и за спокоен и квалитетен сон.
Чај од валеријана
Коренот од валеријана се користел во хербалната медицина уште пред илјадници години, и тоа како седатив за третирање на несоница.
Валеријаната делува преку регулирање на нивото на GABA во мозокот, и на тој начин успешно ги намалува стресот, анксиозноста и покачениот крвен притисок.
Научните истражувања имаат покажано дека валеријаната помага за полесно и побрзо да се заспие, и не само тоа, туку и самиот сон е поквалитетен, а ние поодморени.
Како и повеќето други чаеви кои се успешни во борбата со стресот, и валеријаната го намалува нивото на кортизол, како и воспалението во телото и во мозокот.
И затоа што ништо друго не е толку пријатно како шолја топол хербален чај, после долгиот и хаотичен ден, зашто да чекаш? Избери го твојот вкус, свари си чајче и опушти се веднаш!
Во ситуациите кога немате време да си подготвите чај, а копнеете за идентичниот смирувачки ефект, напијте се Dr. Viton Magnezan B6. Овој суплемент целосно одговара на потребите на современиот човек, бидејќи во самата природност на магнезиумот и витаминот е да го менаџира стресот. Но, за поинтензивен ефект што ќе настапи за покусо време, Dr. Viton ги спои во една формула.
Еве како делува Dr. Viton Magnezan B6:
- Ја зголемува концентрацијата и меморијата
- Ја зголемува енергијата
- Ги намалува мускулните грчеви
- Го подобрува расположението
- Ја спречува остеопорозата
- Ги зајакнува коските и забите
- Го намалува ризикот од дијабетес
- Помага при несоница
- Ги смирува нервите, го намалува стресот
- Го регулира крвниот притисок
- Го олеснува варењето на храната
- Помага во одржување на здрава телесна тежина
Dr. Viton – Магнезан Б6 можете да го нарачате онлајн:
https://alfalab.mk/proizvodi/magnezan-b6
Dr. Viton – Магнезан Б6 може да го набавите во аптеките на: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Зегин… во дрогериите на ДМ-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.
Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
(Достава до домашна адреса со брза пошта)