Ако сакаш да се ослободиш од анксиозноста, мораш себеси да се сакаш најмногу и да делуваш во таа насока!
Вистината е дека ти би можел да ги дознаеш и сите антиаксиозни совети и методи што постојат, но ништо од тоа не ќе е важно ако навистина не го примениш во пракса.
А најдоброто место, од каде што би можел да почнеш, доколку сакаш да си помогнеш, е да најдеш повеќе време за себе и за сопствените потреби.
Многу често сите ние се грижиме и ги задоволуваме туѓите потреби, а забораваме на нас, но доколку сакаме да сме здрави и среќни тоа мора да се смени!
Добро место за почеток, според стручните лица од оваа област, е да се фокусираме повеќе на грижата за себе.
Со други зборови, освен редовната секојдневна грижа за задоволување на основните потреби, убаво би било некогаш да направиме и нешто екстра за себе, како на пример да се почестиме со масажа, да си дозволиме нова фризура, да посетиме маникир или педикир.
Ако имаш ограничен буџет, и тоа не би требало да ти послужи како изговор, зашто ако побараш голема е веројатноста дека ќе успееш да најдеш и квалитетна услуга со намалена цена и сепак да си дозволиш негуван изглед.
Добра идеја е и да се изненадиш себе со еднодневно патување, наместо да чекаш до бескрај некој да те изненади тебе.
Се што треба да направиш е да покажеш иницијатива, да избереш место и да си го испланираш денот што ќе го минеш некаде во природа!
Кога минуваш повеќе време во природа, дури и науката има докажано дека на твојот ум и тело им даваш пауза, за да се одморат и ресетираат, и истовремено да се наполниш со позитивна и смирувачка енергија што ќе ти даде сила за понатамошно справување со секојдневните предизвици како дома, така и на твоето работно место.
Освен тоа, без оглед каде и да живееш, голема е шансата во близина да има некое пријатно место со зеленило кое би ти овозможило да се опуштиш и исполниш со нова енергија.
Но, грижата за себе вклучува и многу други работи, а најважните од нив се да внимаваш што јадеш, редовно да се занимаваш со некоја физичка активност и да си легнуваш доволно рано, за да си обезбедиш квалитетен одмор во тек на ноќта.
Доколку си научена да си легнуваш доцна, последниов совет може да ти се види тежок, но во споредба со сите други совети токму тој не смее да се занемари.
Квалитетниот сон во тек на ноќта, е основа за нашето физичко, психичко и емотивно здравје и благосостојба. Од друга страна, скратувањето на сонот е тесно поврзано со анксиозоста.
Несоодветниот и недоволен одмор во тек на ноќта, го зголемува излачувањето на стрес хормоните, и не прави да се чувствуваме понапнато.
Кога не сме се одмориле доволно во тек на ноќта, страда и нашата меморија и фокус, а се намалува и конгнитивната способност.
Но, стручњаците за овој проблем нудат едно многу едноставно решение, тие велат дека доколку си легнуваме да спиеме доволно рано ќе бидеме во состојба и да се разбудиме барем петнаесетина минути порано од планираното, со што ќе ја намалиме и утринската анксиозност, која секогаш се појавува кога брзаме плашејќи се да не задоцниме.
Затоа, започни ја твојата позитивна промена полека, подобро грижи се за себе, обиди се да си креираш моменти за радост и подготви се за многу порелаксиран и поубав живот од порано!
За целокупната трансформација да тече мазно и брзо, дозволете си и Dr. Viton Magnezan B6. Но, не очекувајте две дози да направат долгорочна промена. Прескокнувањето на овој ритуал нека биде потсетник дека одново се фрливте себеси во сенка. Најмалку еден час пред легнување напијте се Dr. Viton Magnezan B6 тој целосно ќе го опушти вашиот нервен систем и на тој начин ќе ви овозможи квалитетен сон.
Со Dr. Viton – Magnezan B6 ќе успеете да го контролирате кортизолот, а вишокот од овој хормон е главната причина за анксиозност, хорничен замор, депресија, слаба меморија и срцеви проблеми.
Одбери Dr. Viton – Магнезан Б6!
Dr. Viton – Магнезан Б6 можете да го нарачате онлајн:
https://alfalab.mk/proizvodi/magnezan-b6
Dr. Viton – Магнезан Б6 може да го набавите во аптеките на: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Зегин… во дрогериите на ДМ-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.
Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
(Достава до домашна адреса со брза пошта)