Дознај ја разликата меѓу стресот и анксиозноста

Дали некогаш си се запрашал што е разликата меѓу стресот и анксиозноста? Дали станува збор за нешто исто или сосем различно?

Според мислењето на експертите: стресот е состојба на ментално или емоционално напрегнување, предизвикано од непожелни околности и се смета за нормална реакција на секојдневните предизвици.

Но, стресот може да го загрози човечкото здравје ако трае предолго или ако човекот не знае како на здрав начин да се справи со него.

Од друга страна, анксиозноста се карактеризира со континуирано чувство на загриженост и страв во комбинација со постојано исчекување на некој трагичен настан во иднината.

Ако не се стави под контрола, анксиозноста има моќ многу да го намали квалитетот на животот, затоа што ги спречува луѓето да прават нормални секојдневни работи како дел од нивниот живот.

Иако и стресот и анксиозноста се емотивни одговори, разликата меѓу појавата на двете, е тоа што за да се појави стрес вообичаено е потребен надворешен тригер.

Таквиот надворешен предизвикувач на стрес, може да биде краткотраен или долготраен, но без оглед колку трае, ако предизвикува стрес секако не е добра работа.

Стресот може да предизвика, цела редица на негативни ментални и физички проблеми, како иритабилност, лутина, истоштеност, забрзан пулс, мускулна болка, несоница итн.

Aнксиозноста од друга страна, може да се појави без постоење на било каков надворешен тригер.

Анксиозноста има многу слични симптоми на стресот, но најчесто се одликува со силно и постојано чувство на загриженост и страв кое не си заминува само од себе.

Има и други сличности меѓу овие две состојби, но најважната сличност е дека и стресот и умерената анксиозност добро реагираат кон слични методи за нивно менаџирање.

На пример, редовната физичка активност, како јога, медитација, вежби со длабоко дишење, здрава исхрана, добри навики во спиењето, и други техники за намалување на напнатоста и тензијата се покажале одлични за намалување како на стресот така и на анксиозноста.

И токму затоа, воопшто нема потреба за да трошиш време или енергија за да се обидеш да разбереш од што конкретно страдаш ти, наместо тоа, биде проактивен и преземи нешто во врска со тоа.

Најди начини за да се информираш најдобро што можеш за методите за намалување на стресот и анксиозноста, и потоа обиди се да го најдеш и примениш токму оној кој тебе ќе ти помогне за посмирен и поздрав живот.

Во меѓувреме, додека да откриете која активност најмногу ви годи, неопходно е да го смирите организмот делувајќи истовремено со минералот магнезиум и витаминот Б6.  

Dr. Viton Magnezan B6 моментално ќе го подобри вашето расположение, бидејќи ќе поттикне лачење на хормон на среќата серотонин.

Dr. Viton Magnezan B6 се вашите розови очила што ќе ви го разубават денот!

Одбери Dr. Viton – Магнезан Б6!

Dr. Viton – Магнезан Б6 можете да го нарачате онлајн:
https://alfalab.mk/proizvodi/magnezan-b6

Dr. Viton – Магнезан Б6 може да го набавите во аптеките на: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Зегин… во дрогериите на ДМ-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.

Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
(Достава до домашна адреса со брза пошта)