Хијалуронската киселина ја третира и сувата и дехидрираната кожа

Што е разликата помеѓу сува и дехидрирана кожа? Да разјасниме на старт – сувата кожа е тип на кожа, додека дехидрираната кожа е состојба на кожата. По природа, вашата кожа може да биде нормална, комбинирана или сува, но сепак да подлегне на дехидратација. Значи и сувата кожа може да дехидрира и тоа е најлошото можно сценарио што може да ви се случи.

СУВА КОЖА

Сувата кожа продуцира помалку себум во однос на нормалниот тип на кожа. Кога кожата се соочува со недостиг на себум, тоа значи дека таа ги нема неопходните липиди кои ѝ помагаат да ја задржи влагата и да изгради силна бариера за да се заштити од надворешните агресори.

Сувата кожа поттикнува чувство на непријатност, плус се перути и чеша. Состојбата е најлоша и највидлива околу веѓите и околу аглите на носот и устата. Во најлош случај, допирот на самата кожа е груб и рапав.

ДЕХИДРИРАНА КОЖА

Нежно штипнете го образот, ако се збрчка наместо да го задржи обликот, клетките на кожата се жедни за вода. Кожата ќе ја чувствувате како тешка, со изразени брчки или нови за кои не се сеќавате дека сте ги имале и темни кругови под очите. Црвенилото, затнатите пори и воспалението се вообичаени, но не толку чести, симптоми за дехидрираната кожа.

Во суштина, дехидрираната кожа нема доволно вода во себе. Недостигот на вода во кожата се случува поради низа екстерни фактори, но најчести се: временските услови, исхраната и кофеинот – сите видови кафе имаат капацитет да ја извлечат водата од лицето.

РЕШЕНИЕ

Наплив на хидратација и тоа преку серум што содржи хијалуронска киселина. Кожата и сама произведува хијалуронска киселина, но директното потхранување преку режимот за нега е клучно за да ја решите и сувоста и дехидратацијата.

Dr. Viton Hyaluronic Acid серумот освен што е ултра хидратантен благодарение на хијалуронската киселина која ги храни клетките со вода и на тој принцип ги пополнува брчките, збогатен е и со неколку клучни состојки кои ги таргетираат останатите симптоми на сувата и/или дехидрираната кожа.

Органско Алое Вера или енергетска порција за сувата кожа без вода. Обезбедува дополнителна доза вода и плус ја задржува природната влажност.

Органско масло од јојоба длабински ќе ги исчисти порите и на тој начин ќе ги спреми за хидратација.

Витаминот Ц ќе го потенцира загубениот сјај плус ќе ги отстрани темните флеки.

Витаминот Е ќе го забави стареењето и ќе ја нахрани кожата.

Ретинол ќе го возврати ударот на надворешните фактори кои ја стресуваат и стареат кожата.

Есенцијално масло од гераниум ќе ги избрише акните од можното воспаление.

Екстракт од див зелен чај е моќен антиоксидант кој ја штити кожата од загадување, но истовремено ѝ дава лифтинг ефект.

Вештерска леска е во функција да ја заклучи влагата на површината на кожата и на тој принцип да ја задржи нејзината мекост и влажност.

Нарачајте го Dr. Viton Hyaluronic Acid серумот и работете на вашиот тип на кожа или состојба.

Dr. Viton – Hyaluronic Acid серумот е достапен во аптекитe на:  Еурофарм, Виола, Бети во други подобро снабдени аптеки, како и во дрогериите на dm и Cosmo – Тинекс!

Можеш да го нарачаш и онлајн на: 

https://alfalab.mk/proizvodi/hyaluronic-acid-serum/

Или на телефонскиот број: 02 3218 821 (Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот ).