Знаци кои покажуваат дека кожата е жедна за вода

Задачата да дефинирате каков тип на кожа имате воопшто не е лесна. Погрешните дијагнози честопати се причина за користење на несоодветни прозводи за кои на крај ќе заклучиме дека не си го одржиле ветувањето.

На пример, многу често луѓето заклучуваат дека имаат масна кожа само поради тоа што им свети Т-зоната. Но, сјајот не секогаш е знак за вишок себум, напротив, може да е знак за дехидратација.

Неповторлива понуда на Vitamin C Serum за 590 ден. + Подарок CLINOX

ЗА ДА НАПРАВИТЕ НАРАЧКА КЛИКНЕТЕ ОВДЕ

Дехидрираната кожа може да биде масна, комбинирана или нормален тип на кожа на која ѝ недостасува вода и затоа делува затегнато. Дехидрираната кожа е состојба при која кожата се соочува со недостиг на вода, но таа се уште продуцира масло.

Всушност, кога кожата е дехидрирана таа продуцира повеќе масло за да ја надомеси водата, па затоа лесно е да ја помешате со масна кожа. Оние кои имаат акни или масна кожа, најчесто користат агресивни производи за нега, а на тој принцип ја отстрануваат влажноста на кожата и затоа многу често се соочуваат со дехидрирана кожа.

Како да знаете дали вашата кожа е дехидрирана?

Знаци кои укажуваат на дехидрирана кожа се затегнатост, изразена чувствителност, груба текстура, недостиг на здрав сјај, темни подочници и фини линии. Ако кожата е сериозно дехидрирана, очекувајте да попука и да се лупи околу најсувите делови.

Овие 3 едноставни чекори ќе ви помогнат да проверите дали вашата кожа е дехидрирана:

1 Како ја чувствувате кожата, како затегната? Тогаш најверојатно станува збор за жедна кожа, бидејќи масната кожа ќе ја чувствувате како леплива и тешка.

2 Проверете ги порите. Сите имаме видливи пори без разлика каков тип на кожа имаме, но нивната големина и колку често за затнуваат, говорат многу. Најчесто, големите и затнати пори околу носот се индикација за масна кожа, додека луѓето со сува кожа имаат потесни пори кои не им тежат на лицето.

3 Преиспитајте колку често ставате серум за хидратација. Ако кожата е масна и сами ќе видите дека второто или третото нанесување серум е одвишок, бидејќи таа станува уште помасна и сјајна. Кај сувата кожа, едно нанесување не прави никаква разлика што значи неопходно е редовно нанесување за кожата да биде хидратирана.

Особини на дехидрирана кожа:

  • Состојбата е моментална
  • Состојбата е предизвикана од надворешни фактори
  • Дехидрираната кожа не ја задржува водата
  • Кожата има недостиг на хидратација, однадвор, но не добива вода и однатре
  • Состојбата се поправа со промени во животниот стил и негата

Каква нега е потребна?

Ако заклучивте дека кожата ви е дехидрирана, време е да го надградите режимот за нега. Прво, користете исклучиво нежен тоник за чистење, а пред да нанесете крем за хидратација, задолжително вклучете хијалуронски серум. Во поглед на животниот стил, пијте повеќе вода, а намалете ја консумацијата на алкохол и кофеин.

Хијалуронската киселина не само што ќе ви обезбеди нов наплив на хидратација, туку ќе ја заклучи водата на лицето која има предиспозиции брзо да испари од површината на кожата. Делува како магнет и може да задржи вода до 1.000 пати повеќе од сопствената тежина, а водата е клучна за да ги пополните видливите линии на кожата.

Хијалуронската киселина во Dr. Viton Hyaluronic Acid серумот е поддржана со ретинол па создавањето на нов колаген кој ги пополнува брчките, настанати од дехидрацијата и стареење, оди екстра брзо. Dr. Viton Hyaluronic Acid серумот содржи уште еден штит за жедната кожа, имено витаминот Ц и Е се тука за да делуваат на слободните радикали и сончевите штети.

Dr. Viton – Hyaluronic Acid серумот е достапен во аптекитe на:  Еурофарм, Виола, Бети во други подобро снабдени аптеки, како и во дрогериите на dm и Cosmo – Тинекс!

Можеш да го нарачаш и онлајн на: 

https://alfalab.mk/proizvodi/hyaluronic-acid-serum/

Или на телефонскиот број: 02 3218 821 (Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот ).