Одредени секојдневни навики имаат огромно влијание на здравјето и виталноста на коските. Ова се најчестите кои всушност може да доведат до слабеење на коскеното ткиво.
- Седење пред телевизор
Сите сакаме да уживаме гледајќи ја омилената серија, но предолгото седење или лежење ги прави мрзливи твоите коски. Вежбањето е идеална замена за тоа. Најдобро за коските е кога сте во исправена положба, па вашите стапала и нозе ја држат целата тежина на телото, а вашите мускули и коски се активни и се борат со гравитационата сила.
- Премногу сол
Со внесувањето сол, вашето тело го губи калциумот, така што колку повеќе сол, толку помалку калциум имате. Намалете го внесот на сол во секојдневната исхрана и избегнувајте храна од типот на чипсови, солени сирења, брза храна кои содржат премногу сол.
- Возење велосипед на долги патеки
Возењето велосипед го зајакнува срцето и белите дробови, но не и коските. За подобрување на цврстината и густината на коските, лекарите како поефикасно го препорачуваат пешачењето или трчањето. Доколку сте страстен велосипедист, тогаш пробајте да ги комбинирате спортските активности, па вметнете тенис, пливање, танцување во спортската агенда.
- Канцелариска работа
Сончевите зраци го помагаат создавањето на витаминот Д во организмот. Доволно е 10-15 минути дневна изложеност на сонце за да имате здрави коски. Но, проблемот е што најголемиот дел од времето го минуваме во затворен простор и го пропуштаме сонцето. Истотака, создавањето на витаминот Д со помош на сонцето зависи и од возраста, тенот, годишното време.
- Алкохол
Високите дози алкохол се штетни за коскеното ткиво. Алкохолот ја намалува способноста на организмот да го апсорбира калциумот.
- Цигари
Пушењето цигари ја намалува способноста на организмот да создаде ново здраво коскено ткиво. Кај пушачите периодот на зараснување на коската при скршеници трае подолго време и потребен е подолг третман. Откажувањето од оваа лоша навика, ќе ви помогне да го подобрите здравјето на коските.