Лето е, а имате акни? Проблемот е привремен, но ова решение е трајно!

Како што растат температурите, така меѓу дамите расте желбата за фит тело, но и за блескава и мазна кожа. И ако за првото требаше да мислите уште зимоска, за второто има решение уште денес. Продолжете да читате, ветуваме реални резултати.

Проблемот со акните и митесерите кај оние кои имаат хроничен проблем со кожата, се влошува во овој период од годината. Но, и оние кои можат да се пофалат со чиста кожа, одеднаш се будат со ситни, необјасниви мозолчиња.

На што се должи ваквата промена?

Прв причинител е високата температура, тврди Мона Гохара, професор на универзитетот Јеил. Кога надвор е топло, сосем нормално повеќе се потите. Потта на лицето се меша со сите нечистотии кои се лепат на кожата, а кога на тоа ќе го додадете мејкапот, несомнено ќе добиете пори полни до врв. Затнатите пори се идеална средина за раст на бактериите кои предизвикуваат акни.

Топлината и влажноста се само една половина од проблемот, другата половина сте вие самите. Генерално, луѓето во лето многу почесто го допираат лицето. Од старт, потта поттикнува чешање. Второ, топлината ја топи шминката, па во брзање ја коригираме со прсти или ставаме втор слој пудра за да го матираме сјајот – тоа не им оди во прилог на порите. И на крај, многумина од нас се освежуваат со влажни марамчиња кои дополнително ја иритираат кожата. Сите овие несвесни промени во однесувањето го комплицираат овој ненадеен летен проблем.

Помалку познати, но подеднакво силни предизвикувачи на летните кожни проблеми се климите -и оние во просториите и оние во автомобилите. Климите ја црпат влажноста од воздухот, правејќи го екстремно сув, особено ако дуваат директно во лицето. На ист принцип, тиеја впиваат влагата од лицето, а тоа ја поттикнува кожата да ја зголеми продукцијата на масло со цел да ја компензира сувоста. Резултатот? Екстра масна кожа! Иако кожата изгледа мат и суво, порите продуцираат масло однатре толку брзо и интензивно, што се затнуваат уште пред маслото да дојде до површината на кожата.

Накусо срочено: Порите продуцираат масло во петта брзина, топлината предизвикува потење, а влагата ги спојува и лепи за лицето.

Доколку се препознавте во проблемот, клучно е да не реагирате избрзано. Не напаѓајте ја кожата со агресивни третмани против акни, бидејќи дополнително ќе ја надразните. Имајте на ум дека проблемот е привремен, затоа ви треба нежен производ со природна формула.

Dr. Viton Oxygen Bubble Mask го има идеалниот состав за да ги одзатне порите, да ја врати во нормала продукцијата на себум, да ја смири и нахрани кожата.

Нанесете подебел слој и за 15 минути почувствувајте како кислородните меурчиња преку скокоткање ја чистат кожата, буквално одзатнувајќи ја секоја пора. Својата моќ, маската ја црпи од уникатната комбинација на следните состојки:

Бенотин глината и јагленот од бамбус делуваат здружено, отстранувајќи ги и најтврдокорните токсини и нечистотии од порите на кожата.

Екстрактот од калинка е моќен антиоксидант кој делува регенеративно.

Екстрактите од портокал и лимон им го возвраќаат ударот на слободните радикали кои ја стареат кожата активирајќи го колагенот. Одговорни се и за свежината на кожата.

Есенцијалното масло од Бергамот е клучно за проблемот со акните, бидејќи ги минимизира порите неоставајќи им простор да се полнат со нечистотии. На тој начин, ризикот од акни се сведува на минимум.

Ало Верата е присутна со цел да делува антибактериски, да ја смири и хидратира кожата.

Есенцијалното масло од Еукалиптус ќе ја ревитализира кожата подобрувајќи ја нејзината циркулација.

Dr. Viton – Oxygen Bubble Mask е кислородот кој и е потребен на кожата да дише во услови кога надворешните фактори се обидуваат да ја задушат. Нарачајте ја и поминете го летото без акни и минимум мејкап.

Dr.Viton – Oxygen Bubble Mask можеш да ја купиш во аптеките на  Еурофарм, Зегин, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети во DM-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.

Dr.Viton – Oxygen Bubble Mask можеш да ја нарачаш онлајн на https://alfalab.mk/proizvodi/oxygen-bubble-mask/

Или на телефонскиот број: 02 3218 821 (Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот )