Ослабете со советите на д-р Оз (1дел)

Без разлика на тоа колку и да се трудите никако да успеете да се ослободите од вишокот килограми? Ако веќе сте уморни од неуспешни диети и фрустрациите поради тоа, популарниот д-р Мехмет Оз има решение за вас!

Низ годините на искуство, тој има собрано едноставни совети кои навистина помагаат во губење на тежината. И најдобриот дел – нема строги диети.

За некои, сите знаеме добро, па затоа не треба многу да се објаснуваат: погрижете се доволно да спиете (најмалку 7 часа дневно), кога сте гладни пијте повеќе вода, можно е да сте жедни, а не гладни, не се’ изгладнувајте, не се откажувајте, ако еднаш сте подлегнале, не јадете во исто време додека гледате телевизија или читате, користете помали чинии, секој ден движете се колку што е можно повеќе.

Ова се „трик“ советите на д-р Оз кои многу ќе ви помогнат во борбата со килограмите:

Исецкајте ја храната

Така може да го намалите количеството на храната што ја јадете и да го измамите својот мозок дека сте изеле повеќе – сето тоа само со храната што е поситно исецкана. Кога ќе ја исецкате храната во чинијата, таа очигледно зазема повеќе простор па изгледа повеќе. Погледот на оваа порција на вашиот мозокот испраќа сигнали дека треба да се забави хранењето и вие навистина станувате сити. Научниците откриле дека кога оброкот е исецкан – повеќето луѓе јадат до 25 проценти помалку храна.

Јачмен за појадок

Престанете да јадете паштети, салами на леб и преминете на јачмен. Ова е храна од која брзо ќе се заситите и која го балансира шеќерот во крвта. Една порција од јачмен содржи 5 грама влакна, што значи дека ќе бидете подолго сити, така да нема да имате потреба да се прејадете  на ручекот. Јачменот е одличен, бидејќи може да се комбинира со различни видови друга храна – овошје и зеленчук и протеини. Што се однесува до самиот јачмен , претпочитам да го изберете неизлупен поради тоа што има повеќе влакна и хранливи материи, вели д-р Оз.

Кисело пред јадење

Киселиот зеленчук има тајно оружје, атоа е оцетот. Оваа компонента обезбедува разредена доза на оцетна киселина, која создава јак вкус на вашиот јазик и помага да се балансира шеќерот во крвта. Ова е од клучно значење, особено ако јадете брза храна, по која нивото на инсулин рапидно расте, но и многу брзо паѓа, па набргу ќе се почувствувате гладни. Оцетната киселина и закиселената храна помага во одржувањето на нивото на шеќерот во крвта и го стабилизира инсулинот. Сепак не претерувајте со кисел зеленчук, бидејќи тој содржи или многу шеќер или сол (или двете). Доволно ќе биде краставица или две пред оброк или малку кисели пиперки, моркови, карфиол … или некој друг сезонски зеленчук, вели д-р Оз.

Текстот продолжува…