ВАША ЗДРАВА УТРИНСКА РУТИНА НА КОЖАТА Dr. Viton – Vitamin C серум што ги брише годините

Витаминот Ц со право се смета за свет грал во препаративната козметика. Овој моќен антиоксидант има способност да ја забави и спречи оксидација на останатите молекули. Со оксидацијата доаѓа до пренесување на електорните од супстанцата на оксидирачкото средство, при што во живите клетки може да дојде до создавање на слободни радикали. Слободните радикали предизвикуваат верижна реакција која доведува до оштетување на клетките. Антиоксидантите, како витаминот Ц има способност да ја спречи оваа реакција.

Ниту еден производ нема да ви обезбеди толкава доза витамин Ц како што е тоа серумот, кој се смета за “козметички лек“.

Dr. Viton – Vitamin C серумот е комбинација на неколку состојки кои успешно се надополнуваат со основната – витаминот Ц и има исклучителна улога во решавање на проблемите со кожата поврзани со годините, вклучувајќи ги т.н. возрасни флеки и брчките. Како ниту еден друг витамин, Ц витаминот го брише заморот на лицето, давајќи му здрав, блескав и младолик изглед.

Ферулинската киселина ги смирува оштетувањата на кожата. Тоа е антиоксидант кој ја негува кожата и е моќен да се бори против слободните радикали, а истовремено да ја зголеми ефикасноста на останатите антиоксиданти, како витаминот Ц и Е. Оваа киселина помага да се стабилизира витаминот Ц, зголемувајќи ја неговата фитозаштита. Студија сугерира дека ферулинската киселина може да понуди двојно поголема количина на фотозаштита во комбинација со витаминот Ц. Таа буквално делува како чистач на слободните радикали, предизвикани од загадениот воздух и УВ зрачењето.

Има противвоспалително дејство и е погодно за лица кои се борат со акни, оти помага во смирување на постоечките мозолчиња, а во исто време не дозволува да се прават флеки по акните.

Л-аргининот е есенцијална аминокиселина која ја подобрува циркулацијата и протокот на крв и обезбедува кислород на клетките, што влијае на еластичноста на кожата.

Маслото од јојоба е антивирусно и антивоспалително средство кое не прдизвикува алергии и е погодно за лица со чувствителна кожа подложни на алергии и осипи. Има антисептично својство кое нуди брзо заздравување на раничките на кожата, го смирува црвенилото и ги спречува симптомите на акни на кожата.маслото од јојоба има моќ да ги обновува клетките на кожата.

Моќта на хијалуронот и колагенот во подобрување и измазнување на тенот на кожата е веќе докажана и позната. И двете состојки влијаат на правилна текстура на кожата, нејзина еластичност и појава на брчки.

Dr. Viton Vitamin C Serum  можеш да го купиш во аптеките на  Еурофарм, Зегин, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети во DM-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.

можеш да го нарачаш онлајн на

https://alfalab.mk/proizvodi/vitamin-c-serum/

Или на телефонскиот број: 02 3218 821 (Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот )

Dr. Viton Vitamin C Serum ќе ти го доставиме на твојата домашна адреса со брза пошта!