РЕИШИ печурка – детектор кој ги уништува вирусите и бактериите

Реиши печурката , кинеските лекари со векови ја користат за поттикнување на здравјето и долговечност и со право ја нарекуваат печурка на бесмртноста. Поновите истражувања, со користење на софистицирана технологија и лабораториски студии, пронашле докази кои ги поткрепуваат тврдењата на древните кинески лекари, а тоа е дека Реиши печурката содржи мноштво фармаколошки активни соединенија кои го јакнат имуниот систем и помага во борба против пад на имунитетот предизвикан со стареењето.

Здравствените ефекти на Реиши печурката доаѓаат од неколку молекули кои се наоѓаат во неа, како  што се тритерпеноиди, полисахариди и пептидогликани.

РЕИШИ – БИЛДЕР НА ИМУНИТЕТОТ

Помладите лица имаат силен имун систем кој спречува инфекции со бактерии, вируси, габи и други микроорганизми. Имуниот систем истовремено спроведува и имунолошки надзор на идентификување и уништување на абнормалните молекуларни образци кои може да доведат до ран карцином.

Но, со годините, имуниот систем слабее, а тој процес се нарекува имуносенесценија. Поради ослабениот имун систем, нашиот организам се потешко се бори со инфекциите и болестите, од кои некои може да бидат и смртоносни.

Истражувањата ја докажале ефикасноста на Реиши печурката во борба против инфекциите кои му се закануваат на организмот, така што ја јакнат функцијата на имуниот систем, благодарение на што тој полесно ги пронаоѓа, следи и уништува инфективните агенси. Реиши печурката поттикнува создавање на клетки кои ги уништуваат вирусите во организмот.

Освен тоа, Реиши печурката му помага на имуниот систем да ги препознае молекуларните причини на клетките на ракот, помагајќи организмот да ги уништи пред да станат малигни тумори.

Реиши влијае и на дополнителен развој на Б и Т лимфоцити, имунолошки клетки одговорни за производство на антитела и регулирање на имунолошките функции.

Силните антивирусни и антибактериски својства на Реиши печурката го одржуваат здрав целокупниот имунитет и на тој начин му помага на телото да се ослободи од секојдневниот замор.

Кога телото е уморно, нарушена е функцијата на имунитетот и организмот е подложен на вирусни и бактериски инфекции и е во состојба да не се избори и против најмала закана. Студија објавена во списанието Journal of Medicinal Food докажала дека Реиши печурката влијае на заморот и депресијата, како и на подобрување на квалитетот на живот кај болните. Има единствен ефект при тртман на хроничниот замор.

За да го зајакнете и избалансирате имуниот систем и за да спречите инфекции, срцеви болести и рак, размислете Реиши печурката да ја вброите во дневното мени.

NATURE ESSENTIAL – РЕИШИ можеш да ја купиш во аптеките на  Еурофарм, Зегин, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети во DM-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.

NATURE ESSENTIAL – РЕИШИ можеш да го нарачаш онлајн на: 

https://alfalab.mk/proizvodi/reisi/

Или на телефонскиот број: 02 3218 821
(Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот )