Морковите често се користат во козметиката бидејќи одлично ја хидрираат кожата, ја хранат и ја прават мазна. Нека вашата кожа го добие својот сјај со овие едноставни маски, кои брзо и лесно може да ги подготвите дома.
1. Сварете два големи моркови, изгмечете ги и додадете пет лажици мед. Нанесете ја смесата на лицето, оставете да делува десет минути, а потоа исплакнете со ладна вода.
2. За маска против брчки, потребен ви е сок од моркови, жолчка од јајце и неколку капки маслиново масло. Измешајте ги сите состојки и нанесете ги на вашето лице и врат. По час и половина, исплакнете го лицето со млака вода.
3. Изрендајте два моркова, измешајте ги со жолчка од јајце, па смесата нанесете ја на исчистено лице. После 20 минути исплакнете со млака па со ладна вода.
4. Измешајте еден изрендан морков и јаболко. Смесата нанесете ја на лицето и држете ја околу 20 минути. Оваа маска ќе ви ги отстрани заморот и акните од лицето, а можете да ја применувате секој втор ден.