Активен јаглен – магнет за нечистотиите од вашето лице

Што е активен јаглен?
Активен јаглен е (многу рафинирана верзија на јаглен, или речиси јаглерод). Кога ќе се спомне јаглен, сигурно прво нешто што ви паѓа на памет е скара, но активниот јаглен е нешто сосема друго. Всушност, јагленот кој го користите за да ја испечете пченката или да направите вкусна скара е полн со хемикалии и други токсини, додека активниот јаглен изобилува со многу здравствени придобивки!

За што се користи активниот јаглен?
Јаглен е еден од оригиналните мултиназични состојки од природно потекло, со долга и разновидна историја на лековити и практични намени. Се користи за рафинирање и избелување на шеќер, пациенти го пијат против отрови, се користи за филтрирање на водата, а исто така се користи и како производ за избелување на заби. Бентонитовата глина пронајдена во некои производи за белеење на заби како и за чистење на лицето, се смета дека има негативно полнење кое магнетно ги неутрализира позитивно наелектризираните бактерии, давајќи им на забите свеж изглед и бела боја. Дејствува како магнет кога станува збор за извлекување на нечистотиите од лицето.  Некои производи се мешаат со јаглен и кокосово масло за да се создаде паста за да добиете корист од маслото што се шири и влече нечистотии.

Сигурно до сега имате слушнато дека многубројни токсини од најразлични извори се причина за нарушување на здравјето. И, најверојатно веќе имате слушнато многубројни совети за детоксификација и отстранување на штетни материи од телото. Еден од можеби најчудните, но и сосема природни начини за чистење на телото од токсините е да се употреби активен јаглен. Активниот јаглен е црн, без вкус и мирис и е добиен на посебен начин со горење на природните состојки на високи температури во присуство на гас. На тој начин, во него се создаваат посебни пори, кои се всушност стапица за разни отрови. Медицинскиот јаглен не ги впива отровите и нечистотиите, туку на некој начин ги лепи за својата површина, слично како магнет. Заедно со него, токсините се исфрлаат од телото преку столицата. Еве нешто плус кое можеби не сте го знаеле. Јагленот може да се употребува и за надворешна употреба. Да биде спас за вашата кожа. На ист начин делува и однадвор. Ги собира отровите и нечистотиите од кожата и потоа едноставно само се мијат со вода.

Третира акни
Комбинација од две кафени лажички гел од алое вера гел и една капсула од активен јаглен може да се примени на акните. Дозволете смесата да се исуши и потоа исплакнете го. Јагленот ги отстранува токсините од кожата, а алое вера гелот има смирувачки ефект.

 Убаво е кога кожата е чиста, а порите незабележителни
Меѓутоа, многу жени се мачат со широки пори на лицето, акни и митесери…нечистотии и бактерии заробени во порите на кожата…Маската од активен јаглен може да стане Ваша нова хигиенска рутина. Веќе е докажано дека оваа маска ги решава тие проблеми. Од една употреба ќе забележите малку почисти пори (зависи од претходната состојба на лицето) и многу мека кожа како кадифе.
Не претерувајте со употреба – еднаш неделно е сосема доволно да се практикува овој пилинг.

Наша препорака: Dr. Viton – Noir – црна маска 

ПОСАКУВАШ УБАВА КОЖА БЕЗ НЕПРИЈАТЕН СЈАЈ, МИТЕСЕРИ И АКНИ?
ПОТРЕБНО ТИ Е РЕШЕНИЕ КОЕ ЌЕ ГИ „ОТСТРАНИ ОД КОРЕН“!
Тие здодевни митесери се повеќе и повеќе ги имаш на твоето лице. Колку повеќе се обидуваш да ги отстраниш толку повеќе се појавуваат и се претвораат во акни. Кожата ти е веќе уморна и уништена од средства полни со алкохол, и секакви типови на сапуни кои само ја дехидрираат и сушат твојата кожа. Се обиде буквално со сè па дури и со болното „стискање“ на митесери во козметичките салони кои само ја воспалуваат кожата.

https://alfalab.mk/noir