Разбуди се – провери го телефонот. Појадуваш, ѕирни што има на инстаграм, накај работа…провери што има на фб. На пауза, уклучи интернет провери кој ти пишал…Пред спиење, последна проверка на социјалните мрежи и така секој ден. Звучи познато? За жал телефонот и лаптопот ни одземаат многу повеќе време отколку што мислиме. Дефинитивно ви треба дигитална детоксикација.
Зошто да применете дигитална детоксификација?
Истражувањата покажуваат дека во просек поминуваат од 9 до 12 часа дневно гледајќи во екраните, со тоа што се акумулира до пет години од нашиот живот само со проверка на социјалните медиуми. Нивото на зависност од екран има толку големо влијание врз општеството што некои земји дури ги спроведоа безбедносните процедури за да ги намалат сообраќајните несреќи поради одвлекување на вниманието од смрат телефоните.
Нашата дигитална зависност ги поминува сите граници. Ние сме во состојба да ги запоставиме сите други работи, освен телефонот. Па, како да ги надминеш лошите навики и да ја уништиш зависноста од телефонот? Па, тешко е – жал! Особено што ни требаат нашите телефони за да се поврземе со сите. Но, тука се осум едноставни совети кои можете да ги вметнете веднаш за да го намалите времето на екранот и да си примените мини дигитален детокс.
Airplane режим
Искушението е големо, знаеме! Едноставна опција за помош на вашата дигитална детоксификација. Ако треба да останете поврзани, само префрлете се на Не вознемирувајте и прилагодете ги вашите поставки за да можете да ги прифаќате повиците од дозволени контакти. На тој начин, во случај на итност, сте на дофат.
Поставете си време на ангажирање на социјалните медиуми
Ако водите бизнис преку социјалните медиуми, тогаш може да почувствувате притисок постојано да проверувате, коментирате, да ги ажурирате мислењата и да останете присутни во социјалната сфера. Точно е, ангажманот е од клучно значење, но наместо да се губат часови по цел ден, издвојте конкретни блокови од 10-15 минути, при што ќе се фокусирате исклучиво на ангажирање и одговарање на пораките. Ако го направите ова еднаш или двапати на ден, можете да постигнете цврст ангажман без да бидете всадени во бескрајната социјална празнина.
Исклучете ги нотификациите
Ова е решението. Едноставно исклучете ги нотификациите и ќе видите кој што ви пишал кога ќе го уклучите интернетот, кога вие ќе сакате. Истото важи и за сите други социјални медиуми, не мора веднаш да ги гледате новостите. Тие и понатаму ќе бидат таму.
Блокатори на прелистувачот на веб-страници
Ако работите на десктоп или лаптоп и постојано се наоѓате во движење помеѓу вашата работа и јазиците на Facebook, можеби е време да пробате со блокер на прелистувачот на веб страници. Најдобра опција е да ги оставите најопходните.
Намалете со злоупотреба на технологија
Техниката е тука да остане, па зошто да не го искористите тоа? Преземете апликации кои се дизајнирани да ви дадат моменти на релаксација и да ги зголемат чувствата на благосостојба, среќа или продуктивност. Современата технологија и интернет не служат само за фејсбук.
Избегнувајте искушение
Кога вашиот палец напамет и со затворени очи знае како да стигне до инстаграм, можеби е време да го смените распоредот на апликациите. На овој начин ќе ја намалите тенденцијата да ѕирнете што има на интернет.
Преминете на нешто поекстремно
Ако ништо од оваа не успее, земете си Нокиа 3310!