Панакота со цреши

Прекрасните цреши ги има насекаде околу нас. Не пропуштајте да уживате во нив на сите можни начини на пример со овој вкусен десерт кој е многу лесен за подготовка.

СОСТОЈКИ:

  • 1 л слатка павлака
  • 8 лажички шеќер
  • 2 ванилин шеќер
  • 3 кесички желатин
  • 300g цреши
  • 150 g шеќер
  • 9 лажици вода
  • малку сок од лимон

ПОДГОТОВКА:

  • 1. Потопете две кеси на желатин во половина чаша вода за да набабри. Слатката павлака ставете ја да се готви на средна температура. Додадете шеќер и ванилин шеќер. Кога речиси ќе зоврие, отстранете ја  од топлината на страна. На павлаката додадете и го желатинот, добро промешајте додекада се растопи да не се создадат грутки.
  • 2. Павлаката со желатин истурете ја во калап кој претходно сте го измиле со ладна вода. Оставете го да одстои во фрижидер додека целосно не се здрви. Растворете шеќер во вода и ставете го на силен оган.
  • 3. Потопете ја кесичката со желатин. Кога шеќерот ќе се стопи, додадете ги исчистените цреши и гответе  околу пет минути. Тргнете ги од шпоретот и исецкајте ги црешите до саканата големина. Кога малку ќе се  олади промешајте го желатинот и сипете го во мали калапи во кои веќе има Пана кота. Пред сервирање гарнирајте со цреша свалкана во шеќер.