НЕДОСТАТОК НА ВИТАМИН “Д“ МОЖНА ПРИЧИНА ЗА ПОЈАВА НА АУТИЗАМ? 1 ДЕЛ

Пред повеќе од триесет години инциденцата на аутизам беше 1 на 10,000. Денес инциденцата е зголемена на ниво на нешто помалку од 1 на 50, според статистиките на CDC (Center for disease control).

Проекциите од реномирани експерти кажуваат дека за 10 до 20 години, половина од сите деца ќе имаат некаква форма на аутизам.

Иако постои зголемена свесност, во смисла на тоа дека се повеќе деца се дијагностицираани се уште не може да се каже дека ова е експоненцијален пораст на инциденцата на аутизам.

Како би продолжило да напредува општеството ако секое дете има хендикеп. Мора да се превземе нешто, да се спречи овој растечки тренд.

А што би можел родителот да стори да го намали ризикот за неговото дете.

Биолошкиот научник Др. Ронда Патрик, има објавено два научни труда кои се осврнуваат на возбудливи, едноставни но моќни промени на начинот на живот коишто може да имаат коренито влијание не само врз аутизмот туку и други пореметувања во детскиот развој.

Познато е и влијанието на витаминот Д на аутизмот но само површно.

Во продолжение ќе биде образложена врската помеѓу витаминот Д и аутизмот.

Витаминот “Д“ е познат регулатор на гените

За да ја разбереме многу важната улога на витаминот Д во мозочната функција (и дисфункција), треба да разбереме што всушност е витаминот Д. Покрај улогата на “витамин“ витаминот Д се претвара во стероиден хормон (други стероидни хормони се естроген и прогестерон).

Како стероиден хормон, регулира преку 1,000 разични физиолошки процеси и контролира околу 5% од човечкиот геном.

Кога имате доволно витамин Д во вашето тело, се врзува со рецепторите низ телото и на овој начин делува како клуч кој ја отвара главната порта.

Аутизмот е во пораст во тандем со порастот на недостатокот на витаминот “Д“

Инциденцата на аутизам е во пораст исто како и порастот на недостаток на витаминот Д. Оваа корелација помеѓу порастот на инциденцата на аутизам и порастот на недостатокот на Д витаминот, е како последица на тоа дека луѓето се помалку се изложуваат на сонце, користат заштитни креми, додека UVB радијацијата е мошне важна за создавање на Д витаминот во кожата.

Улогата на серотонинот во раното развивање на мозокот

Додека се случува развојот на мозокот на фетусот, серотонинот има огромно значење во мозочната морфогенеза.

Поедноставено, серотонинот е состојка која е потребна за развој на формата на мозокот, неговата структура и внатрешното поврзување. Серотонинот всушност им кажува на невроните каде да се позиционираат во мозокот или каков тип на неврон треба да станат. Доколку немате доволна количина на серотонин тоа ќе доведе до абнормална структура на мозокот како и до абнормално комуницирање и поврзување на невротрансмитерите.

“Кога биле правени истражувања кај глувците, недостатокот на серотонин се покажал дека влијае на однесувањето на глувците, односно тие покажуваат однесување типично за аутизам”.

Серотонинот игра многу важна улога во развојот на мозокот. Она што е уште поважно е дека развојот на фетусот зависи во голема мера од нивото на витамин Д кај мајката. Витаминот Д од мајката се пренесува преку плацентата, односно преку крвта влегува во мозокот на новороденчето и ги активира гените.

Доколку мајката има недостаток на витаминот Д, ова може да има сериозни последици на развојот на мозокот на фетусот бидејќи можеби тој ген на кој му е потребен витаминот Д нема да се активира. Како последица, се произведува помалку серотонин во мозокот на фетусот, а тоа може да има ефект на начинот на кој мозокот се развива.

Витаминот Д и ниското ниво на серотонин се поврзани со аутизмот преку многу различни истражувања. Mожеби ниското ниво на витамин Д води до ниско ниво на серотонин во мозокот кој се развива. Ова може да биде дел од причините зошто има пораст во однос на аутизмот, а можеби и игра улога во начинот на кој ниското ниво на витаминот Д води до аутизам.”