Мали совети за убава кожа

Со промената на годишното време, потребно е да ги промените вашите навики за одржување на убавината. Во текот на зимата, нашата кожа е изложена на сув и ладен воздух, а сега е вистинското време  да со овие мали трикови вашето лице повторно го добие својот сјај .

1. Не го заборавајте тоникот

По утринското чистење, а пред нанесување на крема, препорачливо е да го исчистите лицето со тонер. Тој може да помогне вашата кожа да ја врати pH рамнотежата и да се минимизираат порите.

2. ББ крема

И покрај тоа што неодамна се појавија во козметичката индустрија, ББ кремите се покажаа како исклучително решение за голем број на проблеми со кожата. Одлични се за премин од ладните  на топли денови, а не заборавајте да ги користите само оние кои ја хидрираат кожата и  имаат „анти-ејџ“ ефект.

3. Секојдневно вежбање

Ако не можете да најдете мотивација за да почнете да бидете повеќе активни, бидејќи вежбањето влијае на квалитетот на вашата кожа. Тоа не значи дека мора веднаш да поминувате по неколку часа во теретана, доволно е секој ден да одите по десет минути на пешачење, избегнувајте го лифтот, одете по скалите и слично. Вежбањето ќе ја стимулира циркулацијата во вашето лице и ќе му обезбеди природен сјај, кој не може да се постигне со ниеден производ за убавина.

4. Јадете свежи краставици

Краставиците содржат витамин Ц и кофеинска киселина , два антиоксиданси кои помагаат да се намалат брчките на кожата и оштетувањето предизвикано од сонце. Со помош на витаминот Ц вашата кожа ќе биде повеќе еластична, а како и во исхраната, краставицата, можете да ја користите за маска на лицето.

5. Ноќната крема користете ја наутро

Ноќните креми ја хидрираат кожата многу повеќе од дневните, затоа нема да згрешите доколку ја нанесувате наутро. Претходно задолжително нанесете и крема со заштитен фактор.

6. Нежен пилинг

Тајната на убавата кожата е, како што имаме многу пати кажано, пилингот. Користете нежен пилинг за лице, кој нема да биде премногу агресивен за кожата, по што таа ќе стане мека како на бебе.

7. Скратете го туширањето

Не постои ништо што релаксира како одењето под топол туш, но обидете се да го скратите времето кое го минувате под млаз топла вода, како и да ја намалите температурата на водата. Туширањето со топла вода ќе ги отстрани од вашата кожа природните масла , без кои кожата е сува.

8. Зелен чај

Покрај убавиот вкус, зелениот чај може да биде горд и на високата содржина на антиоксиданти како витаминот Ц, кој ќе ви помогне да се ослободите од слободните радикали кои ги оштетуваат клетките на кожата. Покрај тоа, зелениот чај го намалува воспалението и негативните ефекти врз кожата, па претставува брзо и едноставно решение за убаво лице.