Трикови за убавина за експресно фенирање на косата

 Повеќето жени во просек на фенирање трошат по дваесет минути. Но, ќе ви откриеме како можете да го „препловите“ тоа време.

Зголемување на волуменот

1. Косата треба да биде целосно мокра, бидејќи и ако незначително се засуши нема да можете да создадете волумен. Доколку имате тенки влакна, нанесете малку пена (колку еден орев) во целата коса, а потоа испрскајте го коренот со средство за зголемување на волуменот. Доколку косата не ви е тенка, немојте да нанесувате пена, туку во коренот ставете од препаратот за зголемување на волуменот.

2. Фенирајте се систематично. Тоа значи дека треба да ја исфенирате косата на еден дел од главата, пред да преминете на друг дел. Исто така фенирајте ја косата во прамени до 5 цм ширина.

3. Користете додаток на фен кој на врвот има мал отвор. Тоа го стеснува млазот на топол воздух и овозможува потполно сушење на коренот на косата. Наместете го фенот на најголема брзина и температура. Намотајте го праменот коса на голема тркалезна четка, повлечете ја косата од главата и насочете го млазот топол воздух на коренот. Значи, прво потполно исушете го коренот на косата, потоа целата должина. Не грижете се премногу за врвовите на косата- ако косата на коренот е исушена и има задоволувачки волумен, исто ќе биде и со врвовите. После фенирањето не користете никакви препарати за коса.

1. Избегнете го ефектот на „метла“

После миењето на косата, впијте ја водата со пешкир и тоа со нежно тапкање (триењето на косата само ќе го зголеми метлестиот изглед). Потоа нанесете лосион или серум за обликување на кадрава коса.

2. Разделете ја косата на три дела:врв, лева и десна страна на главата. За да остане косата поделена, свиткајте дел од прамените на врвот од главата и прицврстете ги со шнола.

3. Започнете го фенирањето на косата на левата страна од главата. Намотајте прамен со широчина од околу 5 цм на голема тркалезна четка (низ која може да струи воздухот). Сушете ја косата од коренот кон краевите. Кога целосно ќе ја (исушите) исфенирајте ја косата на левата страна, поминете на фенирање на десната страна (на ист начин). На крај исфенирајте ја косата на врвот на главата. Кога ќе биде целосно сува, испрскајте ја со лак за да добие сјај и исчешлајте ја со чешел или четка со широки запци.

 

Кога немате време да ја измиете косата

 Дури 40% жени, и покрај тоа што против своја желба признаваат дека „го прескокнуваат“ миењето на косата кога се брзаат. Во такви моменти неопходно е применување на мали трикови и оформување на фризури на овие четири начини:

Големи кадрици. Испрскајте ја целата коса со лак за силно зацврстување. Потоа со фигаро распоредено свиткајте пошироки прамени. Вака третираната коса делува како свежо измиена и совршено ја прикрива маснотијата.

Високо кренато коњско репче. Нанесете сув шампон само на коренот на косата, а потоа исфенирајте ја косата истовремено масирајќи го со прстите коренот. Потоа добро исчешлајте ја косата само на врвот на главата. На крај соберете ја косата во високо коњско опавче и прицврстете го со гумичка.

Кратко и шик

Обликувајте паж или полу-долга коса со преса за исправање, започнувајќи го овој процес од долните слоеви (блиску до тилот). Средните слоеви на коса немојте да ги третирате за да го зачувате волуменот и да го заштедите времето. Потоа со преса третирајте го површинскиот слој на косата, а посебно прамените кои на лицето.

Слободно и лесно. Пред било какви физички активности, свиткајте ја косата во пунџа и фиксирајте ја на врвот на главата. Топлината всушност ќе биде прекрасен „сојузник“ во создавањето фризура. Кога ќе ја одврзете косата ќе биде природно кадрава.