Истражувањата објавени во „Американското списание за клиничка исхрана“ покажаа дека магнезиумот штити од мозочен удар. Резултатите уште еднаш го потврдија значењето на внесувањето на овој минерал, кој ќе го најдете во зелениот зеленчук, јаткастите плодови, гравот и интегралните житарки.
Истражувањата, во кои беа вклучени околу 250.000 луѓе од Америка, Европа и Азија, траеја околу 10 години. За тоа време 6500 лица, односно три проценти, доживеале мозочен удар.
Според проценката на експертите, додатен внес од 100 мг. магнезиум дневно го намалува ризикот од мозочен удар за девет проценти. Просечниот внес на магнезиум кај испитаниците бил 242 мг., додека светската здравствена организација препорачува 420 мг. дневно за мажи и 320 мг. дневно за жени