Месечева диета

„Месечевата диета е добро познат метод за којсе вели дека врши детоксификација на организмот и го поттикнува телото да слабее – дури до 3 килограми!“

Принципи

Оваа диета се состои од пост во траење од 24 часови додека е млада месечина. Постојат доста докази дека и постот во полна месечина (исто така во траење до 24 часа) дава одредени резултати, но не и како за време на пост во млада месечина.

Кога да ја започнете месечевата диета?

Значи, оној момент кога започнува младата месечина (месечината преминува во нова фаза), започнува и вашата диета. Кога точно се случува  погледнете во табелата.

Што е дозволено да се јаде / пие за време на месечевата диета?

Дозволено е само консумирање на течности и тоа најдобро е обична вода или благ растителен чај (секако без шеќер). Доколу ви е тешко да пиете само вода и чај, можете да додадете и свеж сок од  овошје или зеленчук, секако без шеќер и адитиви… Алкохол и млеко се стриктно забранети  како и сета цврста храна. Количината на течности кои треба да се внесат се разликува од лице до лице и се движи помеѓу 3 и 4 литри.

Што да правиме во случај на глад?

Доколку почувствувате глад, испијте една голема чаша сок од зеленчук.

Дали е дозволена физичка активност за време на овие 24-часа диета?

Да, дури е и пожелна. Лесни вежби и прошетки ќе помогнат во губење на килограми и побрза детоксификација.

[rpi]

Какви резултати можете да очекувате?  

За 24 часа би требало да изгубите до 3 килограми, секако доколку ги почитувате горенаведените правила. Еднодневниот пост е исто така, одличен начин телото да се детоксифицира и да се подобри имунитетот.

Додатни напомени

Бидејќи ќе изгубите неколку килограми, продолжете да се храните со полесна храна и прилагодете го животниот стил на оваа диета. Ако сте „борец“ на долги патеки, ова е одличен начин да се ослободите од вишокот килограми без многу труд за неколку месеци.

Табела

Месечевата диета можете да ја започнете по податоците кои се дадени во долната табела.  Времето е дадено за земјите од поранешна Југославија (Централно европско време). Доколку имате било какви нејаснотии, јавете ни се и ќе се погрижиме да ви помогнеме.

Останатите читатели можат да се информираат на своите простори ако кликнат на овој линк и да ја внесат локацијата.

Табела на млада месечина за 2015 година

 

Календарски месецденчасминута
Јануари201414
Февруари190047
Март201036
Април182057
Мај180613
Јуни161605
Јули160325
Август141654
Септември130842
Октомври130206
Ноември111848
Декември111130