Диета O.Н.

90 дневна диета (или диета која кај нас е позната под името О.Н. диета) многу е популарна, првенствено поради тоа што дава многу добри резултати. Целат на оваа диета не е само намалување на вишокот килограми, туку и промена на метаболизмот, со што се исклучува можноста за брзо враќање на килограмите. Токму поради таа причина изворното име на оваа диета е О.Н. диета, што во превод би значело не-диета, со  оглед на тоа дека оваа „диета“ треба да асоцира на правилен начин на исхрана, а не на прегладнување, на што веднаш би помислиле.

Диетата трае 90 дена и во тој период можете да ослабете 18-25 килограми. Ако сакате да ослабете помалку, прекинете ја порано диетата.

Диетата се состои од четири дена – протеински, скробен, јаглехидратен и овошен ден, на чиј редослед ќе морате строго да се придржувате.

Појадок : низ сите овие 90 дена појадокот е ист – „парно“ овошје (2 јаболка, 2 портокали, 2 крушки итн.) или две раце ситно овошје како што се сливи, цреши, боровинки и друго.

 

ПРВ ДЕН – ПРОТЕИНСКИ ДЕН

Ручек : варено или печено месо во количина на три шницли (една со тежина од 180 грама), парче интегрален или црн леб и салата во неограничена количина. Месото може да го замените со иста количина (три) варени или пржени јајца. Овој ден можете да јадете сирење и млеко. По ручекот задолжително испијте 2 дл. супа (бистра супа без тестенини).

Вечера : Исто како и ручекот, само без супа. Она што сте ручале, морате и да вечерате, значи ако сте јаделе месо, истото ќе го јадете и за вечера, а ако сте јаделе јајца, за вечерта земете исто така јајца.

 

ВТОР ДЕН – ДЕН ЗА СКРОБ

Ручек : можете да земете грав, грашок, боранија, ориз, компир и слично, задолжително варено со додавање на сите зачини поради вкусот (сол, бибер, вегета, концентрат од домати). Покрај тоа, можете да земете и едно парче интегрален или црн леб и салата.

Вечера : исто како и ручекот, но во помала количина.

 

ТРЕТ ДЕН – ДЕН ЗА ЈАГЛЕХИДРАТИ

Ручек : ручајте било кој вид на тесто со додаток на зачини (кечап, оригано, зеленчук и слично)

Вечера : две парчиња торта или 3-4 колачи или 3 топки сладолед и задолжително еден ред чоколадо за варење.

 

ЧЕТВРТИ ДЕН – ОВОШЕН ДЕН

За ручек и вечера земете овошје.

Додека ја спроведувате диетата, еднаш во месецот треба да воведете ден на водата кој мора да следи по овошниот ден, а по него ви следи повторно протеински ден.

Кафето и чајот (по можност без шеќер) можете да ги пиете во неограничени количини во текот на целата диета. Можете да пиете и сокови, но водете сметка да содржат што помалку шеќер.

По завршената диета можете да продолжите со својата (нормална) диета со тоа што треба да продолжите да јадете овошје за појадок во следните 90 дена. Ако во следните 90 дена изгубите уште 3 килограми, значи дека дошло до промени во метаболизмот.

Доколку ви е потребно можете да ја повторите диетата, но дури по пауза од три месеци.

 

Важни забелешки :

-придржувајте се строго до пропишаниот распоред ;

-дозволено е да се смени редоследот на оброци во еден ден (ручек со вечера, појадок со вечера, но да не ви биде пракса) ;

-јадете производи со што помалку шеќер ;

-производите на кои не им е ограничена употребата во текот на денот може да се јадат во неограничени количини ;

-никако да не ги прескокнувате оброците ;

-не смеете да јадете помеѓу оброци ;

-наместо шеќер користете вештачки засладувачи ;

-храната можете да ја зачините со сите посакувани зачини ;

-од маснотии користите исклучиво растителни масла, по можност екстра девствено маслиново масло ;

-во што поголеми количини јадете сезонски салати, како и свежо овошје и зеленчук ;

-еднаш дневно задолжително подгответе лимонада од еден лимон кој можете да го заблажите со вештачки засладувач или мед ;

-потребно е најмалку еднаш на ден да се испијат минимум две литри течности како вода, чаеви, лимонади, диетални напитоци и слично ;

-не гладувајте, бидејќи само ќе го забавите метаболизмот, а нема да изгубите вишок килограми ;

-не би било лошо еднаш дневно да земете една мултивитаминско-минерална таблета.