Тајната на чајот од липа

Кога ќе го замените кафето со чај од липа, набрзо ќе почувствуваате намалување на стресот. Тој е нежен релаксант, особено ефикасен кај нервната напнатост.

Липата е лек за многу болести. Ароматичниот пијалок од цветот на липа е природен лек за смирување и опуштање, ги зајакнува одбранбените сили на организмот, има корисен ефект врз кардиоваскуларниот систем, а се користи и при зголемена температура.

Многу жени ја употребуваат липата за време на менопаузата за да ја намалат нервозата и проблемите со сонот. Чај од липа можат да пијат и деца. Вкусот подобрете го со лажица мед.

Липата влијае против формирање на наслаги во крвните садови, како и благотворно влијае на коронарна вазодилатација, т.е. проширување на крвните садови, со што се намалува ризикот од срцев удар.

Потребна е претпазливост за луѓето кои пијат лекови за разредување на крвта, кои вообичаено се даваат при третирањето на понизок притисок и мозочен удар, како и други лекови за срцето, бидејќи липата може да го зголеми нивното влијание.

Липа се препорачува за проблеми со црниот дроб, и тоа не цветот, туку внатрешниот дел на кората, бидејќи го стимулира лачењето и протокот на жолчка низ црниот дроб, па така ја чисти и обновува на природен начин.

ДОКАЖАНИ ЛЕКОВИТИ СВОЈСТВА НА ЧАЈ ОД ЛИПА :

-Го намалува крвниот притисок,

-Многу добар е за ублажување на болка при мокрењето,

-Го стимулира потењето и мокрењето,

– Лечи од анемија,

– Лечи од водени болести

-Ја чисти крвта и бубрезите,

-Чајот е многу добар за настинки, грип и респираторни заболувања,

-Лечи од хронично и грчевито кашлање,

-Против грчеви,

-за опуштање (ги опушта напнатите нерви и овозможува добар сон)

-Лечење на епилепсија,

-Го спречува воспалението на белите дробови и душникот,

-Лекување на камења во бубрезите,

-Отстранува брчки и флеки од кожата на лицето,

-Го спречува губењето на коса

-изгореници и рани е добро да се исплакнат и обложуваат со чај,

-Ја подобрува столицата

-и многу други добри својства на овој пијалок.

Подготовка:

Лажичка од растението или филтер кеса се прелива со 0,2 л врела вода. Покријте го и оставете да отстои 5 до 10 минути. Процедете  и пијте свежо подготвен чај.

Се загрева 0,2 литри вода додека не зоврие. Ставете една кесичка. Ако чајот не е во кесичка се става лажичка од липата. Се посипува врела вода. Оставете 10-15 мин. Процедете. Се препорачува да се пие два пати дневно. Можете да почнете со пиење на овој чај со благ и пријатен балсамик вкус.