Начинот на кој маста се акумулира во нашето тело говори многу повеќе за нашето здравје и исхрана отколку што мислите. А клучот за трајно отстранување на масти е да се разбере зошто маста се собира само во одредени места.
” Погрешна храна, хормоналната нерамнотежа, стрес и отрови може да бидат пресудни каде што ќе се собираат масти во телото “, вели Џејмс Дуиган, автор на ” Чиста и посна исхрана ” кој ги тренира Ел Мекферсон ( Elle Macpherson ) и Роузи Хантингтон – Витли ( Rosie Huntington – Whiteley ).
Џејмс верува дека тоа е можно да се отстранат масните наслаги од проблематичните области и не треба да се помири со претпоставеното генетско наследство. Вистинскта исхрана и вежбање се од суштинско значење.
Масти на стомакот
Опуштете се: Ако сакате рамен стомак треба да помалку да се нервирате. Вашиот проблем е што целиот вишок на килограми ке заврши околу стомакот, дури и кога ке ослабнете малку, има маснотии наоколу. ” Мастите во стомакот имаат врска со нивото на стрес. Под стрес, се излачува кортизол, така што телото почнува да акумулира масти околу стомакот “, изјави британскиот нутриционистка Вики Еџсон (Vicki Edgson).
Терапија
За вас не e напорно трчањето, бидејќи тоа само го зголемува стресот. Вие треба да го најдете спортот и вежбањето во кои ќе уживате, вежби со затегнување и протегање. Масното ткиво може да биде резултат на нерамнотежа на бактерии во стомакот. Шекер, бел леб и тестенини ги хранат таквите непожелни бактерии – затоа избегнувајте ја оваа храна. Бонбони, кафе, алкохол, брза храна се дополнителни извори на стрес, па затоа е најдобро и нив да ги избегнувате.
Треба да јадете повеќе протеини како пилешко и риба, зелен зеленчук, слатки компири, маслинки и авокадо. Нутриционистите препорачуваат квалитет рибино масло или омега-3, бидејќи тие ја забавуваат апсорпцијата на шекер.
Дебели ножни листови
Земете пауза: ако сакате потенки нозе, повеке сон.
Нозете ви се често тешки и непријатно вие долго да бидете во чевли. Тоа е затоа што сте уморни. Потечени и дебели зглобови може да се должи на недостаток на одмор. Се будите ноќе и немате доволно длабок сон.
Терапија
На повеќето луѓе им треба седум до девет часа спиење. Три часа пред спиење не јадете шеќер и јаглехидрати, бидејќи тоа ќе ви пречи во мирниот сон. Истото важи и за кафе, чоколадо и чај. Не пијте многу вода, бидејќи полниот меур ќе ве буди во текот на ноќта. И недостаток на витаминот Б му пречи на спиењето. Затоа јадете повеќе риба, месо, јајца, јаткасти плодови и јогурт.
Технички уреди кои емитираат сино светло во текот на ноќта го нарушува невролошкиот систем. Избегнувајте ги iPad, iPhone, лаптопи и ТВ пред спиење. Технологија го стимулира мозокот, со што дополнително го нарушува сонот. Наместо тоа, избањајте се во топла вода или прочитајте некоја книга.
Масни наслаги на грбот и околу пазувите
Причината може да биде што телото не може да ги преработи јаглено хидратите. Ако имате масти околу областа која го покрива градникот размислете за ова.
Терапија
Елиминирајте ги житариците и рафинираните јаглехидрати како бел ориз и тестенини и чекајте на резултатите.
Полека воведете ги нерафинираните јаглехидрати како ориз и леќата. Не го исфрлајте зеленчукот кој е богат со растителни влакна.
Најдобро е да се вежба интензивно, но во пократок временски период.
Масти околу колковите
Веројатно претерувате со шеќер и телото има проблем со потребните количина на инсулин. Ако го отстраните шеќерот од вашата исхрана, можете да очекувате 50 отсто помалку масти околу колковите.
Терапија
Овој тип на масти е слично на тоа на стомакот, така што неговата причина може да биде премногу стрес. Затоа, барем 15 минути дневно посветете ја на релаксација. Храната богата со антиоксиданси како шумските плодови и светло обоен зеленчук и зелен и бел чај ќе помогне да се подобри работата на метаболизмот. Добредојдена и храната богата со цинк, како говедско месо и семки.
Масти на бутовите
Имате тесна половина и рамен стомак, но сте криви како круша. Тука се навистина виновни родителите – генетиката е од клучно значење и ретко е тоа резултатот од исхраната.
Добрата вест поврзани со оваа форма е фактот дека маснотии наталожени околу бутовите е знак на плодноста и здравјето. Овие жени имаат помали шанси да добијат срцеви болести и дијабетес од типот 2 отколку жени чии масти се воглавно во стомакот. Покрај тоа, многу мажи сметаат дека овој тип на тело е поженствен.
Терапија
Избегнувајте ги сојата и производите кои содржат масти. Вежба чучњеви и склекови кое ќе го забрзаат работата на срцето и ќе ја зајакнат на вашата потрошувачка на калории.