8 начини како да се ослободите од непријатната миризба на стапалата

Голема непријатност и проблем со кој се соочуваат голем број луѓе е токму непријатната миризба на стапалата. Ова е доста засрамувачки проблем кој се случува кога стапалата се потат, а потта не испарува бидејќи носите чевли и чорапи. Така, бактериите кои се наоѓаат на вашата кожа, се хранат и размножуваат од потта и мртвото ткиво и на тој начин предизвикуваат непријатна миризба. Еве 8 природни алтернативи како да се ослободите од овој проблем

  1. Сода бикарбона – ја неутрализира pH вредноста на кожата на стапалата. На 1 литар вода, додадете 1 лажица сода бикарбона и ставете ги стапалата внатре 15- 20 минути
  2. Mасло од лаванда – освен што убаво мириса, ги унишува и бактериите и дејствува против габичните инфекции. Неколку капки лаванда во топла вода 15 – 20 минути.
  3. Сол – ја минимализира миризбата и се бори со инфекциите. На 1 литар вода, додадете 2 лажици сол и ставете ги стапалата внатре 15- 20 минути. Повторувајте ја постапката секоја вечер пред спиење.
  4. Црн чај – содржи танинска киселина која ги убива бактериите и ги затвора порите, па стапалата не се потат. Во 1 литар вода, додадете 2 кесички црн чај и ставете ги стапалата внатре 15- 20 минути
  5. Јаболков оцет – создава кисела средина во која бактериите не можат да преживеат.
  6. Шеќер – Направете си домашен пилинг од шеќер со кој ќе ги отстраните бактериите и мртвите клетки од стапалата. Измешајте шеќер, вода и малку алкохол. Користете повеќе шеќер од вода за да добиете густа смеса. Алкохолот треба да е застапен 6 пати помалку од водата.
  7. Жалфија – содржи танинска киселина која го отстранува мирисот и делува антибактериски и антигабично. Ставете сушена жалфија во чевлите и таа ќе го апсорбира мирисот.
  8. Корен од ѓумбир – ги отстранува токсините и лошиот мирис. Со претходно подготвено пире од ѓумбир, масирајте ги стапалата. Постапката повторете ја секоја вечер пред спиење.