Ах, колку ги сакаме тие патувања. Мене лично, секогаш ме фаќа носталгија за попатните авантури и во рацете одеднаш ги со наоѓам пасошот. Но, за поголемиот дел од луѓето вистинска авантура е пакувањето. Не дај боже да ви се изгуби целиот тој патен багаж. Па, ако сте од оние кои мораат да седнат на куферот за да го закопчаат (дури и кога се работи само за викенд патување), топло ви препорачувам да се водите по овие инструкции. Како една модерна девојка да се спакува во само една патна торба? На крајот на краиштата, многу малку е важно што ќе носите, туку со кого ќе одите и како ќе си поминете!
Размислете како ќе се спакувате!
Најлесно е да ги ставите во куферот сите омилени парчиња облека, да го затворите и да одите. Но, постојат неколку прашања кои треба да си ги поставите во однос на неколку фактори. Дали патувате поради работа или приватно? Што ќе облечете за прошетка? Едно од најважните, какво ќе биде време? Пакувајте се паметно и куферот ќе ви биде полесен!
Бидете искрени!
Бидејќи просторот ви е ограничен, од огормна важност е да бидете 100% искрени со себе. Зошто ги патувате патиките за трчање кога дома не трчате, а не па таму?!
Искористете го само основното!
Во секој случај држете се до основните работи како тесни фармерки и бела блуза. Овие есенцијални елементи можете да ги комбинирате со различни варијанти за различни пригоди.
Одберете колорит!
Боите се многу важни при комбинирање, па бирајте бои од иста или слична палета. Така, одделни парчиња ќе функционираат и заедно и одвоено. На пример, една обична сина блуза ќе одговара и со кафеав шал и со црн ѓердан.
Патувајте со најтешката облека!
Ако одите на некое поладно место, облеката од „тешка категорија“ како јакна или џемпер, земете ја со себе во автомобилот или авионот. Вака ќе заштедите многу простор, а и ќе бидете опремени за секаква ситуација по пат.
Нема ништо подобро од мала чантичка!
Ова е онаа многу мала, а многу корисна чанта, каде можете да ги ставите паричникот,основните шминки, влажните марамчиња телефонот и апаратот. Оваа стратегија не само што ќе ви заштеди место, туку и време.Замислете да треба да копате поголема и длабока ташна за да извадите пакетче мастики?!
Одберете совршена торба!
Под торба подразбираме ранец или патна торба со меки страни, бидејќи е многу лесна за складирање. Но, внимавајте да одбрете некоја која може да стои сама, бидејќи нема ништо подосадно од патна торба која се превртува и паѓа.
Уживајте во патувањето!