7 начини како да ја намалите тежината за 7 дена

За да ја намалите телесната тежина, ви треба многу повеќе од вежбање и диета. Ако сакате да намалите повеќе килограми, треба да го смените и своето однесување. Следете ги овие едноставни совети за да дознаете како да им пристапите на храната и вежбањето.

ПОНЕДЕЛНИК: МУДРО УПРАВУВАЈТЕ СО ВАШЕТО ВРЕМЕ

Јасно е дека сте зафатени, но дали сте зафатени премногу? Вие треба да размислите за начинот на кој го трошите вашето време. Размислете за тоа и ќе сфатите колку време поминувате гледајќи телевизија и правејќи некои други небитни работи. Еве што треба да направите за да бидете подобро организирани:

– Комбинирајте ги  нештата (спакувајте го ручекот за следниот ден додека вечерата се готви)

– Поделете ги обврските (нешто може да направат и вашите деца и вашиот брачен другар)

– Направете реална листа на задачи (прво направете ги најважните работи, а помалку важните доверете им ги на другите)

ВТОРНИК: СЛЕДЕТЕ ГО РАСПОРЕДОТ НА ИСХРАНА

Секој кој сака да ја намали телесната тежина  понекогаш ги  прескокнува оброците. Но, тоа не треба да се прави. Потребно ви е  редовно внесување на хранливи материи за добро да функционирате. Јадете редовно и секогаш кога сте навистина гладни, а  храната купувајте ја кога  сте сити, затоа што веројатно тогаш ќе купите поздрава храна. Обидете се да јадете на секои четири часа.

СРЕДА: ОГРАНИЧЕТЕ ГО ЈАДЕЊЕТО САМО ВО КУЈНАТА ИЛИ ТРПЕЗАРИЈАТА

Јадењето надвор од кујната и трпезаријата не се препорачува, бидејќи со тоа се развиваат лоши навики (пред на лаптоп или пред телевизор). Јадете во кујната или трпезарија и тоа само кога сте навистина гладни , избегнувајте ги пуканките и другите грицки ако гледате некој филм , бидејќи јадењето  без размислување за она што го јадете може само  да ви пречи.

ЧЕТВРТОК: НЕ ПРАВЕТЕ НИШТО ДРУГО ДОДЕКА ЈАДЕТЕ

Мултитаскингот  е пожелен во канцеларија, но не е добар кога станува збор за храната. Ако правите други работи освен што  јадете  – возите или слушате  вести, толку помалку ќе обрнете внимание на тоа колку сте изеле. Потрудете се да не правите апсолутно ништо додека јадете за да можете да размислувате за она што го внесувате во себе.

ПЕТОК: НАЈДЕТЕ ПОДДРШКА

Не ја водете сами битката против килограмите – освен ако не сакате да си  направите  потешко за себе. Истражувањата покажаа дека полесно ќе ги намалите килограмите, ако добиете поддршка од луѓето во близина. Другите, можеби нема да знаат како да ви помогнат, но може да  научат. Кажете им што точно  треба да  направат. Замолете ги да прошетаат со вас по вечерата во понеделник и среда или да ви даваат храна во мали садови.

САБОТА: ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА КОНТРОЛАТА НАД ВАШИТЕ МИСЛИ

Самото место каде што наоѓате може да ја разбуди желбата за храна, но тие мисли може да ги избркате од себе, ако не сте навистина гладни. Ако секој пат кога ќе видите некоја реклама за колачи јадете некој колач, тоа сигурно не значи дека вие сте секогаш гладни во времето на рекламите. Престанете со таа навика. Оттргнете ги вашите мисли, правете нешто што ќе ви помогне да ги ангажирате вашите раце , ум и уста: плетете, јавете се на некој пријател или  бојте ги ноктите.

НЕДЕЛА: ПЛАНИРАЈТЕ ГИ ВАШИТЕ ОБРОЦИ ЗА ЦЕЛА НЕДЕЛА

Ако не сте организирани, ќе јадете се што ќе  ви се најде при рака кога ќе сте гладни. Планирајте ги вашите оброци за следната недела, купете се што ви треба за да ги подготвите и да го спречите прејадувањето.