За да ја намалите телесната тежина, ви треба многу повеќе од вежбање и диета. Ако сакате да симнете повеќе килограми, треба да го смените и своето однесување. Следете ги овие едноставни совети за да дознаете како да и пристапите на храната и вежбањето.
ПОНЕДЕЛНИК: ПАМЕТНО УПРАВУВАЈТЕ СО ВАШЕТО ВРЕМЕ
Јасно е дека сте зафатени, но дали сте зафатени толку многу? Треба да размислите за начинот на кој го трошите вашето време. Размислете за тоа и ќе сфатите колку време поминувате гледајќи телевизија и правејќи некои други небитни работи. Еве што треба да направите за да бидете подобро организирани:
– Комбинирајте ги нештата (спакувајте го ручекот за следниот ден додека вечерата се готви)
– Поделете ги обврските (нешто што може да направат и вашите деца и вашиот брачен другар)
– Направете реална листа на задачи (прво направете ги најважните работи, а помалку важните доверете им ги на другите)
ВТОРНИК : СЛЕДЕТЕ ГО РАСПОРЕДОТ НА ИСХРАНА
Секoј кој сакал да ги намали килограмите, некогаш прескокнал некој оброк. Но, тоа не треба да го правите. Треба редовно да внесувате хранливи материи за да функционирате добро. Јадете редовно и секогаш кога сте навистина гладни, а храната купувајте ја кога сте сити, затоа што тогаш веројатно ќе купите поздрава храна. Обидете се да јадете на секои четири часа.
СРЕДА : ОГРАНИЧЕТЕ ГО ЈАДЕЊЕТО САМО ВО КУЈНАТА ИЛИ ТРПЕЗАРИЈАТА
Јадењето надвор од кујната и трпезаријата не се препорачува, бидејќи така се развиваат лоши навики (пред лаптоп или телевизор). Јадете во кујната или трпезарија, и тоа само кога сте навистина гладни и избегнувајте ги пуканките и другите грицки, кога гледате некој филм дома, бидејќи јадењето без размислување за она што го јадете може само да ви попречи.
ЧЕТВРТОК : НЕ ПРАВЕТЕ НИШТО ДРУГО ДОДЕКА ЈАДЕТЕ
Мултитаскингот е пожелен во канцеларија, но не е добро кога станува збор за храната. Ако правите други работи додека јадете – возите или читате весник, помалку ќе обрнете внимание на тоа колку сте изеле. Потрудете се да не правите апсолутно ништо додека јадете за да можете да размислувате за она што го внесувате во себе.
ПЕТОК : НАЈДЕТЕ ПОДРШКА
Не водете ја сами битката против килограмите – освен ако не сакате да си отежнете себе си. Истражувањата покажаа дека полесно ќе ослабете, ако имате поддршка од блиските луѓе . Другите, можеби нема да знаат како да ви помогнат, но вие може да ги научите. Кажете им што точно треба да направат. Замолете ги да пешачат со вас по вечерата во понеделник и среда или да ви даваат храна во мали садови.
САБОТА : ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА КОНТРОЛАТА НАД СВОИТЕ МИСЛИ
Самото место каде што се наоѓате може да ви ја разбуди желбата за храна, но тие мисли можете да ги избркате од себе, ако не сте навистина гладни. Ако секој пат кога ќе видите една реклама за колачи јадете некоја торта, тоа сигурно не значи дека вие сте секогаш гладни во времето на рекламирање. Запрете ја таа навика. Насочете ги вашите мисли, кон нешто што ќе ви помогне да ги ангажирате рацете, умот и устата : плетете, јавете се на некој пријател или лакирајте ги ноктите.
НЕДЕЛА : ПЛАНИРАЈТЕ ГИ ОБРОЦИТЕ ЗА ЦЕЛАТА НЕДЕЛА
Ако не сте организирани, ќе јадете се што ќе ви дојде до рака кога ќе изгладнете. Планирајте ги вашите оброци за следната недела, купете се што ви треба за да ги подготвите и да го спречите прејадувањето.