11 начини да го подобрите здравјето за 1 минута

За само 60 секунди можете да го подобрите вашето здравје! Еве неколку начини на кои можете да останете здрави низ на едно минутна дневна рутина.

1) ЗЕМЕТЕ ДЛАБОК ЗДИВ

Во најстресните моменти не заборавајте да користите метод за смирување : дишење.

Неколку длабоки и контролирани вдишувања може да бидат трик до забавување на работата на срцето. Ова го намалува крвниот притисок и го намалува производството на хормоните на стресот.

2) ПРЕГРНЕТЕ ЈА ЛИЧНОСТА КОЈА ЈА ЉУБИТЕ

Нема ништо подобро од прегратката. Топлината и задоволството кои ние ги чувствуваме додека прегрнуваме некој близок, не прави да се чувствуваме посреќни и порелаксирани. Исто така, прегратката доведува до физичка благосостојба, како што е намалување на крвниот притисок.

3) СМЕА

Постои добра причина зошто смеата е најдобриот лек. Не само што ги елиминира стресот, но, исто така, ги согорува калориите!

4) ЦРНО ЧОКОЛАДО

Какао помага многу, од намалување на крвниот притисок, до подигнување на нивото на ХДЛ холестеролот. Црното чоколадо помага во заштита од дијабетес и ја штити кожата.

5) ОПТИМИЗАМ

Малку оптимизам многу дава. Погледот на светлата страна на животот е поврзана со поздраво срце и посилен имунолошки систем. Следниот пат кога ќе се свртите кон песимизмот, сетете се на добрите нешта и тргнете ги оние црни облаци.

6) ТРГНЕТЕ ГО ПОГЛЕДОТ ОД КОМПЈУТЕРИТЕ

Ако поради работа преку ден поминувате многу време, пред компјутерот, обидете се со техниката дваесет минути. Секои дваесет минути, тргнете го погледот од нешто што е дваесет чекори далеку од екранот и гледајте во него дваесет секунди. На овој начин ќе го зачувате видот.

7) МИЈТЕ ГИ РАЦЕТЕ

За ова ви требаат дваесет секунди. Луѓето кои често ги мијат рацете, се со помала веројатност да се разболат.

8) ВРЗЕТЕ ГО РЕМЕНОТ

Многу луѓе немаат навика да го врзуваат ременот кога ќе седнат во автомобилот. Добро знаете дека појасот може да ви го спаси животот. Не е тешко да се стекне ваква едноставна навика. Имајте безбедно возење.

9) ДОДАДЕТЕ ЦИМЕТ НА ПОЈАДОКОТ

Циметот има многу заштитни моќи, особено кај луѓето со дијабетес. Овој зачин го намалува шеќерот во крвта. Исто така, може да го намали холестеролот. Обидете се со додавање на цимет во јогуртот, овес или кафе.

10) НАНЕСЕТЕ КРЕМА СО ЗАШТИТЕН ФАКТОР

Ракот на кожата е најраспространетата болест во светот. Не да бидете еден од оние луѓе кои се „печат“ на сонце без заштитна крема. За примена на лосионот на целото тело треба половина минута. Значи, толку ви треба да го заштитите вашиот живот.

11) ПРАВЕТЕ ВЕЖБИ

Едно – минутна вежба ја поттикнуваат работата на мускулите во телото. Ако имате болки во грбот и проблеми со ‘рбетот, оваа вежба ќе ви помогне.

large