6 начини како да го заштитиш видот

Кога последен пат беше на преглед кај очен лекар? Колку часа дневно минуваш со очите вперени во паметен уред? Дали можеби имаш дијабетес или висок крвен притисок? Одговорите на сите овие прашања, во најмала рака ќе те натераат да размислиш, колку навистина се грижиш за твоите очи.

Здравите очи се витален дел од целокупното човеково здравје, па така, несомнено е важно да се заштитени. По 60-та година од животот, двојно се зголемува ризикот за појава на катаракта, макуларна дегенерација, глауком.

На здравјето на очите влијае сѐ: лошиот воздух, исхраната, нечистите раце, твојот мобилен телефон, компјутерот на работа, телевизорот, јакото сонце, сијалиците. Но, најмногу од сѐ влијае твојата незаинтересираност за нив.

Како да ги заштитиш твоите очи и да ги пролонгираш дегенеративните состојби:

Редовни офталмолошки прегледи

Гледаш кристално јасно и сметаш дека нема потреба да посетуваш офталмолог. Ова размислување е погрешно. Редовната посета кај очен лекар може да ги спаси твоите очи. Знаејќи дека очните болести и состојби честопати не пројавуваат никакви симптоми, раната детекција може да спречи нештата со твојот вид да тргнат во погрешна насока.

Правило 20-20-20

На очите им е потребен одмор и тука настапува на сцена правилото 20 – 20 – 20. Кога седиш пред компјутер или гледаш во екран/монитор, правилото вели: На секои 20 минути, тргни го погледот од компјутер во времетраење од 20 секунди и гледај 20 стапки (6 метри) во далечина.

Откажи се од цигарите

Пушењето цигари едноставно го забрзува секој процес на заболување на окото. Пушачите имаат двојно поголем ризик од појава на катаракта, макуларна дегенерација, суво око и дијабетес, кој води до дијабетска ретинопатија.

Очила за сонце

Изложувањето на УВ зраци го зголемува ризикот од макуларна дегенерација и може да предизвика изгореници на рожницата. Задолжително носи очила за заштита од сонце, а по можност и шешир/капа.

Физичка активност

Редовната физичка активност е клучен дел од човековото здравје. Со редовно вежбање, го намалуваш ризикот од дијабетес и срцеви заболувања, состојби кои доведуваат до проблеми со видот. Истражувања покажуваат дека физичката активност го намалува ризикот од макуларна дегенерација за цели 70%.

Витамини, минерали и антиоксиданти

Како и на целиот организам, така и на очите им е потребна храна. Слободните радикали кои предизвикуваат оксидативен стрес ги уништуваат здравите клетки на окото, особено на мрежницата. Витамините Ц и Е играат клучна антиоксидантна улога за здравјето на очите.

Очите во голема мера се потпираат на функционални дуа – лутеин и зеаксантин, бакар и цинк. Лутеинот и зеаксантинот имаат протективна улога од УВ зрачење, додека минералите бакар и цинк штитат од макуларна дегенерација и катаракта. Омега 3 од рибно масло е неопходна масна киселина за здрав вид, бидејќи ја одржува влажноста на окото и спречува појава на суво око.

Dr. Viton – Ovidox е најсоодветниот извор на сите витамини, минерали и антиоксиданти за здрави очи. Содржи екстракт од боровинки (богат со витамин Ц и Е), лутеин, зеаксантин, бакар, цинк и омега од рибино масло.

Производот може да го нарачате ONLINE со кликнување на копчето КУПИ ВЕДНАШ