Многу хронични заболувања го имаат својот зачеток од хроничниот стрес. Од различни автоимуни болести, дијабетес, висок крвен притисок, ослабен имунитет, ГИТ проблеми, но за среќа секој од нас може да научи да го менаџира стресот на здрав начин.
Постојат различни методи за успешно ослободување од стресот, но техниките за дишење или тн. свесно дишење се препорачува кога ви треба инстантна релаксација и опуштање.
Вистина е дека ние не можеме во целост да ги отстраниме сите причинители на стрес во нашите животи, но секако дека можеме да научиме да го контролираме нашиот одговор кон стресот и тука ваквиот начин на дишење може да помогне.
Овој начин за ослободување од стресот е идеален за почетници, затоа што дава нешто конкретно на што треба цело време да сме фокусирани, а тоа е нашиот здив.
И затоа, секогаш кога ќе почнат да ти шетаат мислите, се што е потребно е да останеш смирен и фокусиран на ритамот на твоето дишење, што ќе ти помогне во тие моменти да не мислиш на своите грижи или било какви други вознемирувачки или негативни мисли.
Техниките за дишење ни помагаат да останеме присутни во сегашниот момент, наспроти да бидеме загубени во бесконечна низа од негативни мисли од минатото или од страв од потенцијалните идни случувања.
Подолу ти претставуваме 3 вежби за дишење, кои се толку лесни што би можел да ги правиш сам во удобноста на својот дом или било каде и да си!
Oсновно почетничко дишење
Ова е најосновниот и најлесен начин за практикување на длабоко дишење за помалку стрес. Се изведува со затворени очи, во лежечка или седечка позиција, се започнува со земање на длабок здив и 3 секунди се вдишува низ нос, потоа здивот се задржува 2 секунди, и се издишува низ уста во времетраење од 4 секунди. Ова би требало да се повторува од ден на ден, со цел да стасате до секојдневна практика што ќе трае 15 минути.
Скен на цело тело
Оваа техника може да се изведува и седечки и лежечки, целта е да се дише длабоко, а фокусот постепено да се преместува од главата кон стапалата.
Очите треба да се затворени, и прво вниманието се свртува кон позицијата на телото во просторот, на пример обиди се да ја почувствуваш тежината на сопственото тело како притиска на столицата или на подот.
Следно, како што земаш воздух, визуелизирај како кислородот влегува во твоето тело, а со секое издишување телото се повеќе се релаксира.
Правејќи го ова, поместувај го полека вниманието на секој дел од твоето тело, почнувајќи од врвот на главата и полека движејќи се надолу, обиди се да не пропуштиш ништо.
Во почетокот, оваа практика нека трае само од 3 до 5 минути, но со текк на време обиди се да успееш на ова дишење да посветиш барем 20 минути 3 пати неделно.
Наизменично дишење низ нос во јога стил
Целта со ова дишење е да се хармонизираат двете хемисфери на мозокот, и да се постигне рамнотежа.
Се изведува во седечка позиција, левата дланка е во скутот, а десната на лицето, поставена така што показалецот и средниот прст се меѓу веѓите, а очите се затворени.
Се започнува со затварање на десната ноздра со десниот палец, а се вдишува низ левата ноздра. Потоа се затвара левата ноздра со десниот прст и за кратко и двете ноздри се затворени, потоа се отвара десната ноздра и полека се издишува низ неа.
Истото се повторува со вдишување низ десната ноздра, кратко затварање на двете, и издишување низ левата ноздра. Оваа практика на наизменично дишење низ двете ноздри потребно е да се повтори од 5 до 10 пати, обично еднаш на ден.
Создадете навика да се напиете Dr. Viton Magnezan B6 еден час пред да се обидете со тактиките за дишење. Тоа е сосем доволно време за ова супер комбо од магнезиум и витамин Б6 да стаса до нервните клетки и целосно да ги опушти. Во меѓувреме, ќе забележите дека мускулите еден по еден се ослободуваат од товарот наречен умор, стрес, згрченост.
Dr. Viton Magnezan B6 ќе успее да поттикне серотонин и да го крене вашето расположение. Оваа докажано успешна комбинација на магнезиумот и витамин Б6, целосно и комплетно ќе му го отвори патот на кислородот (што ќе го примите дишејќи) да стаса до секоја клетка. Суплементот сам по себе ќе го нахрани и мозокот и ќе го смири срцето.
Диши со полни гради со помош на Dr. Viton Magnezan B6.
Одбери Dr. Viton – Магнезан Б6!
Dr. Viton – Магнезан Б6 можете да го нарачате онлајн:
https://alfalab.mk/proizvodi/magnezan-b6
Dr. Viton – Магнезан Б6 може да го набавите во аптеките на: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Зегин… во дрогериите на ДМ-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.
Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
(Достава до домашна адреса со брза пошта)