Како да заспиеш на топлово кога сонот не те совладува?

Постојат многу причини да му се радуваш на летото! Денот е долг, ноќните прошетки пријатни, времето убаво, одмор, плажа, лесна гардероба, вистински уживања.

Сепак, покрај сите шаренила и пријатни чувства со кои е обоено, летото има и темна страна. Заспивањето во овој период од годината може да биде вистински проблем.

Милиони луѓе ширум светот се соочуваат со тешкотии при спиењето во летниот период, а недостатокот на сонот си го зема својот данок на физичко и ментално ниво.

Како континуираниот недостаток на сон влијае врз менталното и физичко здравје?

Навидум не звучи како нешто ново. Ако денес спиеш еден час помалку и си ненаспан, утре потешко ќе функционираш. Тоа му го прави недостатокот на сонот на човекот.

Но, што се случува кога недостатокот на сонот е континуиран? Според веќе познати истражувања на човековиот организам му се потребни најмалку 6 часа континуиран непрекинат сон во текот на една ноќ, за телото да се ресетира и да биде оптимално функцонално во текот на наредниот ден.

Едно недамнешно истражување објавено во научното списание Annals of Behavioral Medicine дошло да интересен заклучок дека континуираниот недостаток на сон од 3 дена, значително ги намалува физичките и ментални капацитети на човекот.

Истражувањето се состоело од околу 2.000 лица со слична психо-физичка состојба. 42% од нив спиеле час и половина помалку од вообичаеното време, во континуитет од 8 дена. Секој ден имале задача да водат дневник за менталните и физички промени.

Според записите на испитаниците, најголемиот „удар“ врз менталното и физичко здравје се случувало околу третиот ден. Испитаниците изјавиле дека имале зголемено чувство на лутина, нервоза, се чувствувале многу поосамени, лесно иритабилни и фрустрирани, а што се однесува до физичките промени, кај многу од нив се јавиле потешкотии со дишењето и проблеми со горниот респираторен тракт, болки во телото, проблеми со дигестијата.

Како минувале деновите, симптомите станувале сѐ поизразени.

„Многумина од нас кои спијат помалку од минималните 6 часа, рационализираат да го надокнадат сонот за време на викендите. Но, со ова истражување се покажува дека тоа е погрешно. Континуираниот недостаток на сон кога станува хроничен, води до попуштање на организамот и може да предизвика сериозни трајни последици по физичкото и менталното здравје,“ вели Суми Ли, водечкиот научник на истражувањето.

Сега, кога научно е потврдено дека не треба да спиеме помалку од 6 – 7 часа во текот на ноќта, останува отворено прашањето:

Како да заспиеш во летниот период кога сонот не те совладува?

За да разбереме како да заспиеме, важно е да разбереме зошто не заспиваме лесно во текот на летото.

Високите температури си го прават своето, но не може сиот товар да им се препише ним. Сонцето светнало силно, денот е долг и на твојот внатрешен часовник, без разлика што си уморен, не му е дојдено до спиење. Колку подолго време организмот е изложен на дневна светлина, толку му е потешко на внатрешниот часовник да му даде до знаење на телото кога е време за спиење.

Со падот на дневната светлина, во организмот почнува излачување на хормонот мелатонин, кој е задолжен да му даде до знаење на телото дека е време за спиење.

За да го олесниш заспивањето, доволно е на организамот да му помогнеш со Magnezan B6 на Dr. Viton.

Магнезиумот претставува минерал кој игра значителна улога во релаксација на мускулните влакна. Ги намалува заморот и исцрпеноста и ги релаксира нервните клетки па на тој начин придонесува за мирен и здрав сон. Витаминот Б6 од друга страна, е еден од групата витамини кои на човековото тело му е потребен на секојдневна база за да поттикне излачување на мелатонин.

Токму затоа, оваа совршена комбинација на моќен минерал и витамин е спакувана во Magnezan B6 на Dr. Viton, идеален препарат кој ќе ти помогне да го повикаш сонот дури и во најдолгите летни денови.

Здравјето доаѓа од сонот, а сонот од Magnezan B6.

Dr. Viton – Магнезан Б6 можете да го нарачате онлајн:
https://alfalab.mk/proizvodi/magnezan-b6

Dr. Viton – Магнезан Б6 може да го набавите во аптеките на: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Зегин… во дрогериите на ДМ-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.

Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
(Достава до домашна адреса со брза пошта)