Неколку нешта кои се сменија кога преминавте од 20те во 30те. Од една година во друга можеби не ги забележувате разликите, но сега кога сте во триесетите и се завртите една декада наназад, застанете и поздравете ја таа недозреана дваесет и нешто годишна особа, која мислела дека го држи светот на малиот прст. Но, не замерувајте ѝ. Перспективата е многу релативна работа.
Убавината. Ако во 20те беше доволно да ги измиете забите и лицето со сапун и вода, да си легнете и наутро да се разбудите свежи, во 30те ритуалот за подготвување во кревет одзема повеќе време. Прво правите ексфолијација на лицето, па нанесувате крема за лице, но не и на очите, бидејќи за нив има посебна крема. И не заборавајте го забниот конец.
Градник. Ако во 20те беше само опција, во 30те веќе не е. Задолжителен е!
Избор на долна облека. Во 20те обичното кафе со пријателките може да биде потенцијална шанса за секс, па затоа полна опрема (долна облека) со тантела е задолжителна. Во 30те голема е веројатноста дека веќе сте мажени, па нема ништо поубаво од памучни гаќички.
Фитнес. Слабеењето во 20те трае неколку дена и повремено трчање на кеј, додека во 30те за нормална тежина потребна е секојдневна фитнес рутина
Алкохол. Во 20те, по лудата ноќ со многу алкохол, ги собирате пријателките во 2 часот попладне на доцен појадок. Во 30те,станувате во 9 (бидејќи тогаш се разбудиле и вашите деца), им подготвувате житарки со млеко, пиете јако црно кафе и се колнете дека веќе никогаш,НИКОГАШ, нема да пиете.
Секс. Во 20те, сексот е забава, но е ужасно несигурна тема, која ќе ве натера да направите неколку грешки во животот, само затоа што „другите така мислат дека треба“. Во 30те е задоволство, бидејќи веќе си го знаете сопственото тело, знаете што правите и како го правите тоа, знаете што сакате и како да го добиете тоа. Ваше е! Уживајте!