Нашиот мозок е исклучен кога консумираме нискокалорична храна

Научниците од Универзитетот Јеил откриле дека храната богата со калории предизвикува подобри реакции во мозокот. Тие откриле дека постојат два различни мозочни круга кои се активираат кога луѓето јадат. Еден од круговите се однесува на флуктуации на шеќер во крвта, додека други реагираат врз основа на тоа дали им се допаѓа или не им се допаѓа вкусот на храната.
“На мозокот му се битни само калориите”, вели Дана Смал, психолог од Јеил.

Тимот на истражувачи во соработка со група на волонтери направиле истражување кое започнало со конзумирање на неколку видови на пијалоци со различни вкусови, од кои дел содржеле калории, додека другите биле без калории.

По три недели, тие откриле дека групата што користела пијалоци со калории била многу позадоволна со нивниот вкус поради високите нивоа на шеќер во крвта.
Научниците напоменуваат дека испитаниците не знаеле дека во нивните пијалоци, се додадени калории.