Зошто на нашето тело му се неопходни Омега – 3 масните киселини?

Што се омега – 3 масни киселини?

Омега – 3 се всушност киселини, од кои нашето тело има голема потреба за ефикасно да би функционирало. Постојат три видови на омега 3 масните киселини, а тоа се:

  • DHA (докосаксаенска киселина)
  • EPA (еикосапентаенска киселина)
  • ALA (алфа-линоленска киселина)

Истражувањата покажале дека најголемата концентрација на масните киселини DHA и EPA можат да се пронајдат во рибите кои живеат во ладните води, односно во рибите како што се: лосос, скуша и туната.

ALA масната киселиа се проанаoѓа во некои од костенливите овошја и во одредени растителни масла. Важно за споменување е и тоа дека телото ја претвора ALA киселината во DHA и EPA киселина.

Одлични за телото и духот.

Во текот на последните десетина години, неколку студии покажале дека омега – 3 масните киселини значително го подобруваат здравјето на срцето и го намалуваат ризикот од срцеви компликации. Исто така, истражувањата покажале дека мажите со најнизок степен на омега – 3 во крвта имаат 81% повеќе веројатност дека ќе доживеат ненадејно престанување на работа на срцето (инфаркт), од оние мажи кои имаат високо ниво на омега-3 во крвта.

Омега -3 помагаат и во работата на нашето срце, така што:

  • Го намалуваат нивото на триглицериди.
  • Го намалуваат нивото на високиот крвен притисок
  • Го намалуваат ризикот од инфаркт.

Омега – 3 киселините се корисни и во остатокот на телото. На пример, тие можат да помогнат при некои воспални, како што се артритис или болки при менстроалниот циклус, а корисни се и кај личностите кои боледуваат од остеопороза.

Омега – 3 киселините имаат корисен ефект и на менталното здравје. Истражувањата покажале дека депресијата била почеста кај личностите, кои консумирале мала количина или воопшто не консумирале омега – 3 масти. Денес многу експерти користат програми кои вклучуваат омега – 3 масти со цел да се подобри менталното здравје кај пациентите.

Личностите кои страдаат од анорексија имаат исклучително мало ниво на масни киселини во својата исхрана.

Како “вишокот маснотии” значи губење на тежината?

Омега – 3 киселините, не само што се добри за нашето општо здравје, туку можат да го подобрат и резултатот на диетата и вежбите за слабеење. Студиите покажале дека луѓето кои се обидувале да ослабат со помош на вежби и диети, подобро го контролираат шеќерот и холестеролот, ако омега – 3 масните киселини се дел од нивната исхрана.

Колку омега – 3 треба да имаме во исхраната?

Експертите препорачуваат секој ден да внесуваме минумално 500 мг. омега – 3 масти. Најдобар начин е рибите, особено “масните”, да бидат дел од нашата исхрана.

Забелешка: Имајте во предвид дека некои видови на риба можат да содржат високо ниво на состојки кои се несоодветни за жените кои имаат во план да забременат, кои се веќе бремени или оние кои што имаат мало бебе/дете кое го дојат.

Dr. Viton – Omega 3 можете да го нарачате онлајн ➡️
https://alfalab.mk/proizvodi/dr-viton-omega3/

Dr. Viton – Omega 3 може да го набавите во аптеките на: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Зегин… во дрогериите на ДМ-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.

Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
(Достава до домашна адреса со брза пошта)