Зошто после 25-тата ни треба морски колаген и витамин Ц?

Колагенот е есенцијален за целокупното здравје на човекот, но овој пат ќе се фокусираме на здравјето што го обезбедува во име на убавината. Мислиме на убава кожа, сјајна коса и цврсти нокти. Добро е да знаете дека колагенот во своето независно делување е многу послаб отколку кога е придружен со витамин Ц. Објаснувањето е многу едноставно: Витаминот Ц е неопходен за формирање на колагенот, а по некоја случајност е неопходен и за здрава кожа.

Но, најдобриот сојуз кој работи во служба на кожата, може да почне да работи и против неа доколку телото се соочи со дефицит од овие две. Стареењето, изложувањето на сонце, генетиката и храната сиромашна со витамини и минерали, се неколкуте причини поради кои опаѓа продукцијата на овие две состојки. Од истите причини се соочувате со дефицит на колаген и витамин Ц во организмот.

Колагенот и здравјето на кожата

Колагенот е протеин (најзастапен во телото) создаден од аминокиселини кои важат за градбени блокови во организмот. Присутен е во кожата, коските, рскавиците, тетивите. Многупати сме зборувале дека со годините почнува да опаѓа – во просек, по 1 % секоја година штом навршите 25.  

Здравствените бенефити од вклучување на колагенот вклучуваат: зајакнување на кожата, подобрени фини линии и брчки, поцврста коса и нокти и најважно од се, покачена продукција на природниот колаген. Затоа, важно е да одржите стабилно ниво на колаген, а тоа ќе го постигнете преку исхрана и суплементи.

На пазарот, постојат многу типови колаген, но ние го препорачуваме оној на Dr. Viton Collagen + C од две причини. Прво, колагенот е морски, а тој е најделотворен во однос на решавање на проблемите поврзани со кожата. Второ, има најголема биорасположливост од сите типови на колаген, што значи се апсорбира 1,5 пати побрзо од другите видови колаген.

Витамин Ц и здравјето на кожата

Витаминот Ц е неопходен за здрава кожа, но и за целиот организам. Може да се најде во дермисот и епидермисот на кожата. Тој ја одржува формата и структурата на самата кожа. Бидејќи е растворлив во вода, телото не може да го складира. Затоа, неопходно е да се внесе преку храната или во облик на додаток.

Витаминот е есенцијален за да ја подобри продукцијата на колаген и природно да ја зајакне кожата и да ѝ обезбеди сјај. Помага при детоксикација на организмот, особено на цревата и црниот дроб, што е клучно за отстранување на токсините и наслагите чиј негативен ефект стасува и до кожата.

Како витаминот Ц делува на колагенот?

Витаминот Ц е неопходен за синтеза и одржување на колагенот. Исто така, делува како вид на лепило кое ги спојува колагенските влакна.

Може ли заедно да се пијат?

Не само што може, туку ТРЕБА да ги пиете заедно. Освен што се поддржуваат еден со друг, слични се и по тоа што се комплетно безбедни за консумација и речиси и да не постои можност да се предозирате со нив.

Што ќе добиете од нив?

Накусо, Dr. Viton Collagen + C ќе ве разубави од глава до пети! Ќе ви ја зајакне косата и ноктите, а кожата ќе ја измазни до степен на непрепознатливост. Секоја ампула содржи 500 мг морски колаген + витамин Ц кои ќе го надоместат загубениот колаген и ќе поттикнат продукција на нов наплив.

Dr. Viton – Collagen + C можете да го набавите во аптеките на: Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети … во дрогериите на ДМ-дрогерии и Cosmo – Тинекс и во сите подобро снабдени аптеки.

Dr. Viton – Collagen + C можете да го нарачате онлајн:
https://alfalab.mk/proizvodi/collagen

Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
*(Достава до домашна адреса со брза пошта)